Ковид-19 несомнено има големо влијание на нашите животи. Некои колеги од А1 Македонија работат од дома, но има колеги кои секојдневно одат на работа и излегуваат на терен. Сепак, сите ние имаме нешто заедничко: сите сме посветени на работата која ја работиме, сега кога сме им потребни на нашите кориснци повеќе од било кога претходно, а нашата мрежа работи со зголемен капацитет.

Иако на различни работни места, сите работиме професионално, со голем ентузијазам и посветеност. Нивната енергија не мотивира да останеме позитивни со добра мисла, и докажуваме дека ниедна препрека не е преголема.

Запознајте само неколкумина од колегите од Контакт центарот на А1 Македонија, Одделот за техника и А1 продажните салони.

Никола Трајковиќ, Помлад агент за техничка поддршка во Контакт центар

Каква е реакцијата на корисниците сега кога работите од дома?
Всушност, повеќето од корисниците не сфаќаат дека работиме од дома и тоа не радува затоа што е доказ дека работиме правилно и не ги изневеруваме корисниците за време на пандемијата.

Дали може да одвоите некоја приказна од корисник која ве трогна?
Многу луѓе живеат сами, особено постари лица кои или немаат техничко познавање или немаат некој да им помогне. Така, кога зборувам со нив се трудам што е можно повеќе да го решам проблемот со кој се соочуваат, колку е возможно преку телефон. Секогаш пробуваме да им помогнеме на корисниците најбрзо што можеме и на најдобар начин.

Колку се промени твојата работа споредено со периодот пред корона вирусот?
Живееме во време кога технологијата е толку напредна што можеме да работиме од дома на начин многу сличен, скоро ист како да сме во канцеларија. Ова има свои предности но и маани се разбира, но ние, од првата линија го даваме најдоброто од себе за да им помогнеме на корисниците. Многу сум задоволна со работата што ја работам во моментот, иако ми недостасува работната атмосфера и моите колеги од Контакт центарот.

Росана Миленковска, Агент во Контакт центар

Колку се разликува сегашната комуникација со корисниците споредено со претходно?
Според мене, нема никаква промена. Ние имаме пристап до сите алатки што ни се потребни за да ја извршуваме нашата работа квалитетно. Но секако е многу полесно и малку повеќе вложуваш додека работиш во пижами :)

Која е првата работа која ќе ја направиш откако ќе заврши вонредната ситуација?
Ми недостасуваат кратките кафе-паузи со моите колеги. Веќе договоривме “дружење” откако се ова ќе помине. Што се однесува до приватниот живот, верувам дека сите со нетрпение го чекаат летниот одмор. Секако ова е едно убаво искуство, докажавме дека работиме како еден тим.

Нена Саздовска, Менаџер на продажен салон ГТЦ, Скопје

Каква е атмосферата деновиве?
На почетокот беше стресно, и за нас и за нашите корисници, но брзо се навикнавме на новата ситуација и сега се чувствуваме добро.

Колку се промени твојата работа споредена со претходно?
Не многу, освен што работиме со маска и ракавици и држиме дистанца помеѓу нас и помеѓу корисниците. Нашата работа ја работиме најпрофесионално.

Која е првата работа која ќе ја направиш откако ќе заврши вонредната ситуација?
Ќе биде потребно некое време работите да се вратат во нормала. Ќе продолжам да носам маска и ракавици за да се заштитам. Но првата работа што ќе ја направам е да го однесам моето дете надвор да игра и ужива во сонцето.

Кирил Стојановски, Теренски техничар

Каква е ситуацијата на терен?
Поради новата ситуација, работиме според препораките и се трудиме да бидеме практични. Работата на базни станици е поедноставна од директен контакт со корисници, бидејќи сме на отворено но повторно, се трудиме да се заштитиме и да одржиме дистанца. До сега се покажавме спремни за предизвикот и се надевам дека ќе продолжиме со успех и ќе останеме здрави.

Александар Стојанов, Техничар за фиксна пристапна мрежа

Што се промени во изминатите недели и кои се предизвиците?
Многу работи се променија изминатите неколку недели: се промени работното време и се соочивме со предизвикот да останеме безбедни додека сме на терен, истовремено обезбедувајќи најдобро корисничко искуство.

Како се справувате со заштитните мерки и дали сте загрижени дека може да се заразите?
Да, се разбира свесни сме за опасноста од зараза, затоа секогаш носиме заштитна опрема и ги следиме препораките од надлежните.

Симо Мишевски, Техничар за фиксна пристапна мрежа

Што се промени во начинот на работа?
Контактот со корисниците е сведен на минимум. Ги оставаме уредите пред влезната врата на корисниците и чекаме да ги подигнат.

На што си особено горд?
Се гордеам со моите колеги кои ги ризикуваат нивниот и животот на својата фамилија додека ја работат својата работа во овој тежок период.


»Навистина сме горди на нашите А1 Херои!«


Во овие тешки времиња, тимот на А1 Македонија докажува дека е храбар, позитивен и со висок професионализам. Покажуваме дека сме добар тим и дека се грижиме едни за други

ОСТАНЕТЕ ЗДРАВИ И ПОЗИТИВНИ!