Се повеќе тимови во А1 работат на агилен начин за да можат брзо да реагираат на промените во пазарот. Промените не само што се забележани во рамките на тимовите, туку се и јасно видливи на работните места: потсетници залепени на ѕидовите, покани за прегледи и Obeya ѕидови. Во А1 Австрија, Карин Маирхофер е таа што интензивно работи на темата агилно работење и го шири низ целата компанија. Во отворен разговор, таа споделува како работи во зеленото поле на агилност, што ја мотивира и како се справува со предизвици.
»Брзи реакции кон промени, ориентирни кон целите и забава на работното место.«
Карин Маирхофер, Член на А1 тимот за транзиција кон агилност во А1 Австрија
Работам во агилен Тим – Тимот за транзиција кон агилност на А1 – или на кратко А2Т2. Ја поддржуваме трансформацијата кон агилност, организираме настани за свесност, го олеснуваме пренесувањето на знаење и ги поддржуваме тимовите на нивниот пат кон агилност. Веќе подолго време работам за А1 и сум среќна што пред една година одлучив да се придружам на А2Т2 тимот. Блиската соработка во тимот, што е од клучно значење за агилно работење, секојдневно ме мотивира и инспирира. Толку е различно од “нормалните” тимови со кои сум работела до сега.
Живеење и напредување со агилни вредности
Она што ме фасцинира за овој начин на работа е тоа што агилните тимови ги интернализираа агилните вредности и ги живеат толку природно. Отвореноста и транспарентноста покажуваат каде е потребно и можно подобрување. Почитувањето и храброста помагаат да постојат различни мислења и да се потпреме на изобилство на идеи и мислења за да може да се обидеме нешто ново. Во мојата поранешна улога како менаџер на проекти, искусив колку е вредна довербата: Пред неколку години, член на тимот предложи да започнам да работам со Scrum. Јас му верував на мојот тим и решив да се обидам – и се покажа одлично! Постигнавме огромен напредок со проектот.
Ширење на знаење
Работејќи со различни тимови, понекогаш се чувствувам како градинар што ја испушта и шири нејзината страст и знаење за агилното работење. Неодамна, кога работев со тим во центарот за повици или додека пишував кориснички приказни во Менаџмент со снабдувачки синџири, почувствував колку е исполнета и мотивирачка оваа работа. Но, не ме сфаќајте погрешно: Агилните методи не се наменети само да ве забавуваат за време на вашиот работен ден (тоа е, секако, убав ефект ;) ), но тие се наменети за успех во бизнисот. Можеме да реагираме побрзо, да одговориме на повратни информации и да ги подобриме производите и услугите во пократки циклуси.
»Ако живеете според овие вредности, светот станува подобро место – за тоа сум сигурна.«
Градинарство без лопата или градинарски ракавици
Оваа година бев особено возбудена кога го организирав серијалот настани, Agile Garden со околу 150 учесници и посетители на секој настан. Патувајќи низ различните сезони од годината, го сееме семето на агилни вредности, простории и методи за да му помогнеме на растението на агилност да расте. Во лето се работеше за правилните хранливи материи кои се неопходни за самоорганизација. Ова е нешто за кое градинарите – водачите – се одговорни. Во есенското издание на Agile Garden, го славевме фестивалот на жетви со големите успеси во изминатите неколку месеци. Беше прекрасна прослава пред почетокот на Новата Година и пред да преземеме понатамошни чекори за возбудливото взаемно агилно патување во А1.
Неверојатно инспиративниот дух од оваа серија на настани произлегува од доброволниот придонес на учесниците – сите уживаат да бидат дел од настанот и среќно споделуваат искуства околу агилноста и агилното работење. Во иднина, би сакала да видам што е можно повеќе пчели кои носат нектар на агилност низ полињата на А1.






И, патем: Ако го прочитавте текстот до крај за да откриете што е Obeya ѕид, еве го решението: Obeya е јапонски збор за „голема просторија“ или „воена просторија“. За нас тоа значи колективно планирање на ѕид со цел зависностите да се направат транспарентни.