Најверојатно досега сте го слушнале поимот »е-спорт«. Но, дали знаете што всушност значи? – Внимание, спојлер: Не станува збор само за компјутерски игри и занесеници ;-) Во оваа А1 Приказна ги оставаме колегите во нашата компанија да објаснат што сè може да се прави во е-спортот, какви вештини се потребни за да се биде успешен, а и секако, улогата на А1.

Па, прво она најважното:
на што помислувате кога ќе слушнете »е-спорт«?

… така вели Википедија.

… но што велат нашите меѓународни менаџери за е-спорт?

Општо кажано, е-спортот е сè уште нешто ново. Многумина не можат да направат ништо со него. Според Ирина Кунце, која својата страст за е-спорт и гејминг ја претвори во кариера во А1 Австрија, темата мора широко да се распространи.


»Треба на луѓето да им покажеме колку е неверојатен е-спортот.«


Ирина, А1 Австрија

Наталија Сафонова, која е одговорно лице за е-спорт во А1 Белорусија, знае дека: »За пионерите никогаш не е лесно. Но е огромна радост кога на крај ќе се надминат овие пречки.« За неа исто така било тешко да најде истомисленици за својот тим на почетокот. Но на крај, напорната работа се исплатела и тоа резултирало во иновации, тимска работа и соработка со групи експерти.

Кристијан Младенов

Во Бугарија, Кристијан Младенов е раководител на производи за е-спорт, кој со срце и душа се грижи за развојот на A1 Gaming League. »Како поранешен гејмер-аматер, ја имам почувствувано возбудата, емоцијата и страста за е-спорт. Тоа што сега имам можност да ја искомбинирам својата работа со оваа област ме прави навистина среќен и благодарен.« Покрај страста за е-спорт, успехот – како и во многу други спортови – се должи на материјалното прашање: кај е-спортот е потребна правилна инфраструктура и опрема. А овде А1 настапува на сцена. Благодарение на соодветната мрежа, А1 овозможува солиден интернет.


»Секој ден правиме нешто ново во поглед на е-спортот, нешто што никој друг во нашата земја го нема направено досега.«


Наталија, А1 Белорусија

Маријана Загорац

Копирано од е-спортот

Но е-спортот не е само компјутерски игри и брз интернет. Исто како и кај другите тимски спортови, и овде е важна тимската игра. Зборуваме за тимска динамика, вештини за управување, издржливост, стратегија, тактика и интеркултурно разбирање. Ова се некои од вештините кои Ирина ги примени во својата професионална кариера. »Речиси секоја електронска игра има динамика како во фудбалот и стратегија како во шахот. Според мене, преку е-спортот развивате дополнителни вештини, како што е донесување правилни одлуки во екстремни ситуации«, Кристијан. Маријана Загорац (директор за гејминг и спонзорство, А1 Хрватска) е запознаена и со »кул« страните на својата работа во е-спортот: »Секој ден учите нешто ново и работите со млади, талентирани луѓе. Тие навистина ме инспирираат и прават мојата работа да биде возбудлива секој ден!«

Како се забавува нашиот меѓународен тим за е-спорт по крајот на работниот ден?

Маријана ја сака класиката, па затоа го игра стариот, добро познат пасијанс. А кога не е пред монитор, сака да биде надвор, да вежба пилатес, а сака и да патува. Ирина сака слични нешта: времето го минува правејќи рамнотежа надвор во природа, планинари. Приватно, ужива играјќи Teamfight Tactics »TFT«, што пак, малку ја потсетува на шах. На Кристијан, DOTA 2 му е една од омилените игри. Кога има DOTA 2 турнири во A1 Gaming League, секако, тој ги гледа со огромен интерес. Но не секогаш се работи за е-спорт и компјутерски игри. Кристијан сака и да минува време надвор. Слободното време го минува играјќи фудбал и пинг-понг. Секоја сабота, тој оди на риболов. А Наталија признава, »Всушност, јас не играм толку многу. Кога седам пред екранот, поголем дел од времето сум зафатена со работа, разгледувам е-пошта и подготвувам презентации за е-спорт.« Но, доколку ѝ останува време, таа сака да изигра брза партија Clash Royale.

А1 Gaming Leagues денес и во иднина

Бугарија бележи неверојатна стапка на пораст откако во 2018 година беше лансирана A1 Gaming League. Над 25 000 играчи веќе се приклучени во оваа лига. – И тоа со растечка тенденција! Во меѓувреме, A1 Gaming League стана најважна во Бугарија за сите амбициозни играчи. Дури ниту пандемијата не може да наштети на успешниот развој во Бугарија: во 2020 година е забележан огромен пораст кај гледачите на преноси во живо. Во некои случаи, публиката на натпреварите во март и април 2020 година успеа да ги сруши рекордите за публика на „офлајн“ настани во текот на претходната година.

Наталија Сафонова

Во февруари минатата година, А1 во Белорусија ја иницираше непрофитната организација »Белоруска федерација за компјутерски спортови«. Целта е народот да се запознае со е-спортот, да се направи платформа за фановите на игри, а секако, и да се организираат настани. Покрај тоа, темата достигна и до А1 тимот во Белорусија. Така, таму се отвори корпоративното училиште за е-спортови: 6 седмици интензивни обуки, теоретски основи и развој на соодветни вештини со професионални тренери. На крајот, секако, имаше турнир и трофеј за победничкиот тим!

Ирина Кунце

Многу нешта се случија и во Австрија по основањето на A1 eSports League Austria. Ирина е во центарот на создавањето на оваа нова област и помага да се оформи и да биде одржлива. Таа се грижи и за спонзорствата и нашите центри за обука, т.е., A1 eSports Hubs.

Во 2017 година, во А1 Хрватска се формираше A1 Adria League. Регионална лига којашто, како што ни кажува името, поврзува неколку земји (Хрватска, Словенија, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово) во јадранскиот регион. А Маријана е одговорна за сè ова. Во Хрватска, 2020 година беше успешна сезона за е-спортот. Покрај натпреварите во е-спорт, беа собрани и 5.000 евра во донации за детскиот дом во Сисак.

Фросина Бошкова

А1 Македонија, исто така интензивно работи на темата е-спортови. Во последните три години, А1 Game Fest, најпопуларниот гејминг настан во Северна Македонија, го организира А1 Македонија во соработка со GG.MK, компанија чија стручност се настани, подкасти, содржина и слични нешта поврзани со е-спорт. Ги интервјуиравме Фросина Бошкова (Маркетинг комуникации, А1 Македонија) и Гораст Цветковски од GG.MK за A1 Game Fest. Третото издание на настанот се одржа во декември 2020 година и беше во „онлајн“ формат. По краток период на несигурност, одговорните лица одлучија да дозволат да се одржи настанот, почитувајќи ги сите безбедносни мерки за КОВИД.


»Се нафативме на предизвикот и организиравме настан според сите светски стандарди.«


Фросина, А1 Македонија

И тоа се исплатеше: како и во претходните години, одѕивот беше огромен. Покрај тоа, годинава имавме неверојатна бројка од 15 000 гледачи на преносот во живо. Гораст: »Сакавме да се надминеме себеси годинава и скалата ја поставивме уште повисоко. Успеавме да го зголемиме наградниот фонд, така што имаше уште поголеми награди за играчите.« Онлајн изданието стана и првиот онлајн косплеј натпревар во Северна Македонија (cosplay = учесниците избираат костум и претставуваат карактер од манга, аниме, видеоигра или друг медиум). Фросина и Гораст се амбициозни и имаат јасна визија за иднината на A1 Game Fest. Целта им е да станат важна локација во европската сцена за е-спорт.

Ирина е исто така убедена дека е-спортот го чека светла иднина: »е-спортот веќе е поголем од многу други индустрии на меѓународен план и секоја година ги руши сопствените рекорди. Темата е иновативна, возбудлива и тешко е да си го замислиме секојдневниот живот без неа.« За пет години, можеби ќе биде подеднакво нормално да одиме на е-спорт настан, како што одиме на концерти или на кино. Наталија е подеднакво сигурна дека во иднина играчите на е-спорт повеќе нема да бидат гледани како аматери, туку како вистински професионалци. Кристијан го споделува мислењето на Наталија: »Во иднина, е-спортовите ќе се вбројуваат во една »нормална« рамка.«


»Претставува вистинска привилегија и предизвик да се биде дел од оваа растечка заедница и да се работи на неограничените можности кои ни се на располагање. Е-спортот и гејмингот ја превртија забавната индустрија наопаку!«


Маријана, А1 Хрватска