»Се започнува со една идеја.« Нема подобар почеток за овој текст од познатиот цитат на Ерл Најтингејл. Тогаш креативноста и иновативноста се раѓаат од идеи. За среќа, ние во А1 Групацијата сме полни со идеи како да го направиме светот подобар, поедноставен и место за забава. Ова беше совршено прикажано на Empowering Ideas #2 сцената.

46 апликации од целата А1 Групација, шест номинирани пректи за финална презентација и три победнички теми: Games&Drinks, Go Viral и Plan Bee. Сакавме да дознеме повеќе за нивните иновативни и креативни решенија и идеи во иднина. А и кој подобро би се претставил отколку самите себе , зарем не? Подгответе се за инспирација!


»Играта е активност која не може да биде прифатена доволно сериозно.«


Жак-Ив- Кусто

Андреас Берлингер и Питер Шафелхнер се австрискиот моќен двоец кој стои зад Games&Drinks. Нивната цел? Да креираат хабови и да ги донесат гејмерите заедно во реалниот живот. За таа цел тие креираат Club Houses каде сите ќе можат да играат видео – игри, да гледаат eSports настани, да тестираат нови брзини или само да се дружат со нивните пријатели во бар. За оние поамбициозните гејмери нудат специјализрани часови и професионални тренинзи.


»Ако не ги усреќите корисниците во ералниот живот тие може да го споделат тоа со 6 пријатели. Ако се несреќни корисниците на интернет тие ќе пренесат на 6000 пријатели.«


Џеф Безос

Go Viral, е тимот на нашите македонски колеги Леонард Каја, Фљорим Хаџиу и Кристијан Јовановски и претставува уникатна платформа за уникатна платформа за маркетинг и продажа во социјалните медиуми. Таа ги интегрира внатрешните системи и профили на социјалните медиуми на компаниите и ги збогатува традиционалните зафати на дигиталниот маркетинг со иновативни интерактивни решенија. Го зголемува директниот ангажман и задоволството на корисниците, додава вредност на продуктите и брендот.


»Слушнете ги пчелите и дозволете им да ве водат.«


Brother Adam

Plan Bee се состои од четири различни личности со еднакво силна и луда енергија. Јелена Аранџеловиќ, Уна Станимировиќ, Ивана Марковиќ и Слободан Атанасијевиќ од Србија имаат мисија да помогнат на пчеларите и нивните пчели да бидат здрави, безбедни и да произведуваат што повеќе мед. Работат на сензори кои мерат релевантни податоци за пчелните кошници, да ги собираат и процесираат овие податоци кои ги испаќа до пчеларите кои врз основа на нив можат да донесат издржана одлука.


»Иновацијата е единствениот начин за победа.«


Стив Џобс