Тој е стар лисец во бизнисот, тој држи на око се околку него и има 39 години.Да ви го преТставиме: Ова е “Алфред”!

Можеби сте се запрашале: “Дали е Алфред колега?” Не, Алфред не е колега. Но, тој веќе е долго време дел од А1 исто како и многу од нашите колеги J Значи, кој е всушност Алфред?

“Алфред” е радио кулата на нашиот технички, иновативен и образовен сајт Арсенал во Виена.Уште од 15 октомври 1973 година кога беше изградена, радио кулата Алфред стана одбележје на Виена исто како и катедралата Св. Стефан. Всушност, беа потребни 5 години за изградба на кулата,која беше свечено отворена на 8 септември 1978 година. Една од возбудливите приказни поврзана со изградбата на Алфред, е тоа што секоја бетонска платформа мораше да се гради на земја, а потоа истите беа подигнати со железни кабли. Патем, кулата се користеше како предавател на сигналот. До 2001 година сите телевизиски и радио програми на австриската радиодифузија беа дистрибуирани до локалните приемници за радиодифузија преку радио-кулата А1 во “Арсенал”.

Што е моменталната цел на Алфред? Денес транспортираме пакети со податоци каде што аналогните центри за пренос беа главно заменети со дигитални. Алфред се држи во чекор со времето. Повеќе од кога било, теми како заштита на животната средина се важни за Алфред. Токму поради тоа еднаш годишно за време на Светскиот час на планетата Земја, Алфред не работи :)

Само во ретки прилики, посетителите можат да пристапат до платформите на Aлфред. Го посетивме Алфред во живо за вас, и не само што се вративме со фотографии туку и со многу интересни факти. Дали сте знаеле на пример, дека е потребно 70 секунди за да се дојде до нивото за операции. Кој сака да го искачи Алфред пеш или сака да дознае повеќе за оваа виенска А1 атракција, треба да го погледне одблиску ;-)