Кога температурите се зголемуваат, мозокот почнува да врие и се префрлува во режим за чекање, тогаш е одлично да имате сигурен партнер со паметни решенија за ладење. Нашите А1 Smart Home карактеристики блескаат и во лето. Паул Хофер, Product Owner за A1 Smart Home во А1 Австрија, ја сподели својата страст за производот и неговите најдобри совети со нас.

Пред околу две години, во Австрија и во Хрватска беше лансиран Smart Homе (https://www.vip.mk/smart-home). Беше развиен еден за сите производ, а стана достапен и во Словенија, Бугарија и Македонија. Паул ужива да работи во агилен и крос-функционален тим. Тоа е забавно и се фокусира на теми кои сакаме да ги развиеме за нашите корисници. Теми, кои имаат голема идна перспектива и кои се предизвик да се пронајдат вистинските мерки.

– Paul Hofer
Product Owner for A1 Smart Home at A1 Austria


»За Smart Home ние работевме и размислувавме ,,надвор од кутијата.«


Smart Home како инспирација

Каде најдобро, ако не дома може да се тестира и да се најде инспирација за нови паметни функции? Што е фаворит на Паул? “Контрола на светлината, се разбира. И тоа дека роботот правосмукалка работи додека не сум дома и сè уште можам да го контролирам преку камерата, навистина е кул. :-) “Исто така, ова се летните совети на Паул со кои ќе заштедите енергија и пари:

Паметен клима уред

Claud решение IFTTT (Ако ова, тогаш тоа) овозможува комуникација помеѓу машините во вашиот А1 паметен дом. На пример, можете да го програмирате клима уредот да работи само кога сте дома.

Паметен клима уред 2

Тоа може да се направи уште подобро! За да избегнете изладениот воздух да излегува низ отворените прозорци, можете да програмирате преку IFTTT, кога ќе се отврои прозорецот, клима уредот автоматски да се исклучи.

Добар сон

Префрлете го вашиот Самсунг клима уред на режим за вентилатор кога отидете на спиење. Со тоа вашата спална соба добива вентилација и не се лади веднаш штом вашиот А1 Smart Home препознава преку IFTTT-апликацијата дека сте отишле на спиење.

Свеж вентилациски бриз

Дури и приклучоците стануваат паметни со А1 Smart Home – особено во комбинација со функцијата за тајминг на апликацијата A1 Smart Home. Ова ви овозможува не само да го управувате вентилаторот од каучот, туку и да го активирате режимот за спиење додека веќе сте во земјата на сонот.

Ладни пијалоци

Приклучете ја вашата машина со коцки мраз на паметниот приклучок, стартувајте ја на вашиот пат од работа до дома – и речиси совршен, барем совршено ладен, разчадувач ќе ве чека! :-)