Овој пат се сретнуваме со Иван Бартуловиќ, Директор на Одделот за Човечки ресурси и Корпоративни комуникации во Випнет. И затоа што тој секогаш е во движење, одлучивме интервјуто да го направиме со него во кола, на пат кон дома. Но, додека го снимавме, Иван мораше да се врати на состанок па затоа сите вие кои го гледате ова видео ќе приметите дека некои локации се повторуваат :-) #agile Ставете го појасот и повозете се со Иван!

Од септември 2016 година, Иван ги води Одделите за Човечки ресурси и Корпоративни комуникации, чиј главен фокус во моментот е и во наредните години ќе биде учењето. Иван е особено горд што ја лансиравме нашата програма за развој на дигитални вештини на Дигиталната Академија на Випнет. До сега, забележани се 470 празнини што се однесува до дигиталните вештини додека пак 294 колеги беа номинирани за програмата.

Но каков е всушност Иван надвор од неговото работно место, каков е неговиот живот? Слушнете ги неговите одговори на 42 прашања и запознајте го подобро. Придружете ни се и погледнете го видеото!