Овој пат ги отвораме вратите на новите канцеларии на Вип Македонија каде прошетавме заедно со Извршниот директор Мислав Галер и му поставивме 42 прашања на различни теми. Дознајте чии мисли би сакал да може да прочита, како и која грешка ja пoвторува секое утро!

Мислав Галер е Извршен директор на Вип Македонија од декември 2017 година. Во февруари 2012 тој се приклучи на тимот на Випнет во неговата родна Хрватска, застанувајќи на позицијата Раководител на бизнис продажба, додека 3 години подоцна, во февруари 2015 година беше назначен за Директор на бизнис продажба. Во 2016, беше назначен за Главен директор на продажба и Член на Раководниот тим, водејќи неколку оддели во Випнет.

Доколку сеуште не сте го запознале Мислав, сега е вистинскиот момент да го сторите тоа преку неговите одговори на 42 прашања, каде зборува за тоа колку го сака Скопје, колку е возбуден што работи во Вип Македонија, колку е инспириран од книгата на Ференц Молнар “The Paul Street Boys” , а воедно слушнете ги неговите интересни одговори кога е во прашање музиката.

#enjoy