Овој пат се запознаваме со Ева Зехетнер, Директор на Човечки ресурси на А1 Групацијата во нашата централа во Виена. Додека ја прашуваме 42 прашања одејќи низ нашата реновирана канцеларија и ги слушавме нејзините одговори, ја запознаваме малку повеќе. Придружете ни се и погледнете го видеото!

Од ноември 2017 година, Ева е на чело на Одделот за човечки ресурси на А1 групацијата и одговорна за 18.000 вработени. Сегашниот и идниот фокус на овој оддел останува учењето, како за неа така и за нас! Не е само “што” да се научи туку и “на кој начин” и важно е да му се пристапи на учењето проактивно.

А која е омилената храна на Ева? Што би донела со себе на пуст остров? Кој е нејзиниот омилен пејач? И поставивме 42 прашања, погледнете ги нејзините одговори!