Поставувањето водечки принципи е од суштинско значење за водењето на успешен бизнис. Нас ни останува да ги дефинираме нашите заеднички верувања и вредности – инаку другите би ги обликувале за нас. Ние мора да бидеме лидери кога станува збор за дефинирањето на она што ни е важно нам, како компанија. Секој исклучителен бизнисмен би се сложил со тоа. Само сетете се на легендарниот Стив Џобс и неговите зборови: “Останете гладни, останете будалести”, или погледнете ги успешните примери во рамките на ТАГ!

Тим (од соништата)

ТАГ Приказни зборува за нашите најважни основни вредности – сè се врти околу НАС. Ние мораме да бидеме сплотени како компанија, а исто така и да го пронајдеме најдобриот начин за да работиме заедно. Мораме да останеме љубопитни, да ги искористиме предностите од нашата разновидност и да не заборавиме да се фокусираме на нашите заеднички цели. НАШИТЕ мислења се важни и вредни.

Верувај во себе и во твоите колеги!

Љубопитноста може да се задржи само ако постои меѓусебна доверба и ако можеме да се потпреме еден на друг. Треба да го задржиме нашиот позитивен дух, а исто така и да им пружиме поддршка на другите. Една насмевка може многу да помогне – а исто така помага и чоколадо или можеби торта.

Ако сме отворени и искрени, ако даваме повратни информации и ако умееме да комуницираме на максимално транспарентен начин, ќе бидеме посилни и подготвени како тим за речиси сите предизвици кои ни претстојат. Ќе можеме меѓусебно да се заштитиме, затоа што токму овие работи го прават еден тим одличен!

Агилност – секогаш во движење!

Дали некогаш сте седеле предолго на едно место и потоа сте се обиделе да станете? Или, дали некогаш сте помислиле “”па и јас ја имав истата идеја””… токму истото може да се случи и во компанијата. Учењето во пракса е подеднакво важно како и флексибилноста која ни помага да се прилагодиме на барањата на пазарот. Тоа подразбира и активно решавање на проблемот. Ајде да го разбудиме духот на една старт-ап компанија, ќе биде забавно!

Во ред, до сега сигурно знаете кои се водечките принципи за кои се залагаме – тим, доверба и агилност – но многу поважно е да разбереме што тие значат за нашиот секојдневен живот и како можеме да ги спроведеме во пракса. Еве еден совет од нашите колеги од Србија: Не ја барајте филозофијата зад нашите принципи, само живејте ги, затоа што тие сигурно живеат во вас!

Подолу следуваат неколку примери:

Хрватска:

Проектите во кои се вклучени различни оддели претставуваат голем предизвик.

#тим #доверба >> Во рамките на проектот за воведување на кабелски системи, Маркетинг, Продажба и неколку технички оддели работат заедно на секојдневна основа. Соработката помеѓу одделите на почетокот беше еден од најголемите предизвици, според тимскиот лидер на проектот, Крешимир Томорад. Проектот бара тим кој е доволно агилен за да ги следи и надминува предизвиците на агресивното воведување, па така помеѓу членовите на тимот брзо и спонтано се воспостави доверба и соработка. “”Сето тоа придонесе за одлични резултати веќе во текот на втората година, поради што целиот тим беше навистина горд””, изјави Крешимир.

#агилност >> Инфраструктурата е клучна за иднината на нашата индустрија – компанија која поседува таква инфраструктура, со сигурност ќе има моќ да ја контролира дејноста, а проектот за воведување кабелски системи претставува придонес и чекор напред за постигнување на таа цел. Со проширување на кабелската (HFC или FTTH) инфраструктура, компанијата ќе се издвои од своите конкуренти. Крешимир заклучува: “”Инвестициите во инфраструктурата ѝ помагаат на нашата компанија да ја задржи големата и важна улога на пазарот. Покрај тоа, Випнет им ја овозможува последната телекомуникациска технологија на сè повеќе и повеќе домаќинства во Хрватска””.

The Cable Rollout Project Team
(left to right):

Zvonimir Kevo, Marko Roca, Snježana Kukić, Krešimir Tomorad (project leader), Ivana Fumić, Admir Hadžiselimović aka Coda, Domagoj Zavalić, Josip Leventić
Not pictured: Ivan Orešković and Zvonimir Zelenika

Србија:

Спроведувањето на водечките принципи не важи само за големите проекти. И малите подобрувања во нашата секојдневна комуникација веќе се покажаа како ефикасни.

#тим #агилност >> Тимовите за продажба работат на повеќе од 100 различни локации, но сите тие се соочуваат со истите предизвици и дилеми и сите тие треба да ги споделат нивните идеи. Поради таа причина, тие максимално го користат Skype for Business како би можеле да се поврзат со менаџерите од сите центри за продажба и тимовите за поддршка на продажба во седиштето на компанијата.

#агилност >> Вип. Фабрика – Вип има сопствена фабрика за идеи! Во рамките на платформата за предлози и спроведување на бизнис идеи, вработените во Службата за корисници и Продажба успешно реализираа над 29 деловни решенија кои донесоа огромни промени во сите сегменти на работа, внатрешно и надворешно, а со тоа успеаја да и заштедат на компанијата над половина милион евра.

#тим #доверба >> На 1 септември 2016 година Вип одлучи да биде храбар и да ја укине наплатата на повици до Службата за корисници. Стравувајќи дали службата ќе успее да одговори на зголемениот број на повици, целата компанија се одлучи да помогне. Десетина колеги од другите оддели примаа повици по цел ден и ноќ. Таа ноќ, сите беа на „првата линија“.

Бугарија:

Иако овој проект беше развиен пред официјално да бидат преставени новите водечки принципи, тој е одличен пример за #тим, #доверба и #агилност, како и за начинот на кој Mtel го зајакнува дигиталниот живот на своите корисници.

#агилност >> Целта на проектниот тим за апликацијата My Mtel беше да создаде модерен само-услужен канал кој ќе биде достапен за сите корисници во секое време и на секое место. Во моментот на лансирање на My Mtel, другите телекомуникациски компании во земјата немаа таква апликација во својата понуда (а сега имаат).

#тим >> Проектниот тим беше исклучително обединет, полн со огромен ентузијазам и енергија. Сите едвај чекаа да ја лансираат оваа апликација и да видат колку ќе биде успешна. Секој член на тимот даде значаен придонес кој ги надминува барањата на работното место – дури ги вклучија и своите пријатели и семејства. Сите одлуки беа донесувани после отворени дискусии во текот на кои секој можеше да даде свое мислење. „Бевме одличен тим и секој даде сѐ од себе за успехот на овој проект“ рече Татијана Стојнева, водач на проектниот тим.

#доверба #агилност >> Конечната верзија на апликацијата не беше токму тоа што беше планирано – таа беше подобра. Функциите од првичниот план беа подобрени во текот на процесот, како што членовите на тимот собираа повратни информации и непрестајно си поставуваа прашања едни со други. Сите посакуваа да дадат што е можно подобри резултати и беа доволно флексибилни за да ја надградат апликацијата и да дејствуваат доволно брзо за да го постигнат истото во првичниот рок.

The My Mtel App project team (left to right):

Dimitar Georgiev, Tatiana Stoineva, Petar Rusinov, Metodi Mladenov, Raya Zaharieva, Kiril Stoilov, Rayna Andonova, Valentina Ivanova, Bilyana Todorova.

Австрија:

Тимот не претставува организациони единици, сектори, па ни цели компании. Тимот е состојба на умот. До каде може таквиот став да не одведе? Па, само ќе кажеме дека успеавме да ги импресионираме стручњаците во “Facebook“. 

#агилност >> „Facebook“ во декември најави воведување на персонализирани интеграции за Workplace, а тимот на Armin Moayad имаше голема желба да воведе некои нови услуги кои би ја олесниле соработката и би ја направиле поефикасна. Заеднички ги разгледуваа разните можности и се одлучија за брза прототипска сесија.

#тим #доверба>> Инженерите во „Facebook” дадоа голема поддршка и беа навистина импресионирани од амбициозната брзина и креативен пристап. Толку многу што ја споделија сликата од хекатонот во Виена на своето (интерно) Workplace. Дури споделија и некои инсајдерски совети кои му помогнаа на тимот да го развие првиот Workplace chatbot во светот – „A1 Bot“.

#агилност >> А1 го стори ова пред околу 2.000 други компании кои го користат Workplace. Во моментов A1 Bot е само прототип, кој користи пример на процесот на работа, но тој брзо може да прерасне во поимник на често користени кратенки во A1, може да одговара на најчесто поставуваните прашања, или можеби дури и да резервира соба или состанок за Вас … можеби и побрзо отколку што мислите!

Да не беше агилноста, не би помислиле да ги испробаат сите тие нови работи. Ако сте агилни и ако Вашиот тим е агилен и ако постои взаемна доверба, може да се случат прекрасни нешта!

Но, сега…

Чујте што кажуваат Бранка, Дејан, Лариса, Лука, Франз, Јулиа, Марк, Јурген, Мариан, Миглена, Татиана, Крешимир, Ивана и Јовица за тоа што нашите водечки принципи значат за нив.