До пред неколку години уредувањето на канцелариите по Фенг Шуи беше најголем тренд. Сега, раководниот тим се концетрира на агилен начин на организација. Ќе биде погрешно ако кажеме дека агилност значи само шарени стикери и табли. Агилниот начин на работа ја рефлектира важноста од комуникација, флексибилност и одговорност за преземените чекори. Запознајте ја Наталија од А1 Белорусија и слушнете го нејзиното размислување за овој начин на работа.
Се сретнавме со Наталија Миронова, Раководител на оддел за развој на производи и бизнис решенија и дискутиравме како да им помогнеме на тимовите да научат да работат на агилен начин и како оваа метода е од помош во секојдневниот живот.
Агилна филозофија: Важноста на комуникацијата и помалку администрација.
Наталија, што мислиш за агилното движење во А1 Белорусија?
Полека добиваме јасна слика што тоа значи, но и кои се неговите предности. Не зборуваме за класичниот модел на агилност и не го следиме слепо. Всушност, ние се трудиме да го одбереме најдоброто од секоја метода за да помогнеме компанијата да расте и да се развива.
Кои методи на агилност ги употребувате во вашите тимови?
Ние сме сеуште нови во ова но ќе креираме ефикасен процес на агилно работење. Во овој момент употребуваме неколку инструменти на агилност: Канбан табла како би ја визуелизирале целата листа на задачи; неделни обврски и состаноци на дневно ниво во нашиот тим; секој член на тимот кажува што тој или таа направил претходниот ден, со кои проблеми се соочил и кои се неговите планови за денот во 2 минути.
Неформални кафе состаноци се најефективниот и најбрзиот начин за да се решат моменталните проблеми.
Секој учесник на состанокот го пишува на стикер проблемот со кој се соочува, потоа ние ги лепиме стикерите на таблата, ги собираме и гласаме за темите кои ги “мачат” поголем број од луѓето. Дискутираме и го решаваме проблемот заедно и #MakeItHappen. Едно од најважните нешта е ефективноста. Во нашата група има колеги кои веќе ги поминале тренинзите и успешно ги употребуваат. Работата е во тоа што некогаш на бизнис состаноците кога е потребно да се дискутира одредено прашање и да се донесе брза одлука, некој колега ќе го сврти разговорот за 180 степени и вашата првична намера за состанокот пропаѓа. Оваа метода помага разговорот да оди во вистинска насока.
Дали има насоки за развој на методи на агилност во компанијата?
Да, се разбира. Нашата главна цел е да креираме процес за лансирање производи заедно со одделите кои работат на нив. Ние не работиме изолирано во нашиот оддел, ние сме дел од поголем систем, каде сите процеси се поврзани. Затоа, важно е сите да работиме на истиот начин на агилност. Денес веќе имаме заеднички табли со другите оддели и ги разгледуваме по големи активности. На пример, по лансирањето на тарифен план, имаме состанок со сите учесници во проектот и ги дискутираме предностите, недостатоците и проблемите со кои сме се соочиле додека сме работеле на овој проект. Тоа ни помага да направиме промени во начинот на работа како во иднина би можеле да ги одбегнеме проблемите.
На што треба тимовите кои сакаат да работат со методи на агилност да внимаваат?
Најважното нешто е да имате во предвид дека никој не треба да работи засебно. Сите членови на тимот треба да го прифатат овој систем и да бидат подготвени за промени. Тие можат да почнат со неформално кафе кое ќе води до полесна транзиција. Предноста на овој метод е што никој не е свесен дека е веќе агилен што значи помалку двоумење околу процесот. Визуелизирањето е се разбира друг важен аспект. Само што почнавме да ги лепиме задачите на таблата, луѓето се мотивираа и започнаа да се натпреваруваат еден со друг. И вие треба да имате вообичаени состаноци и да добивате повратни информации од сите учесници. Анализирање. Не можете само да влезете во канцеларијата еден ден и да им кажете на колегите дека утре ќе започнете да работите агилно. Тоа е долг процес.
Како ја користите агилноста надвор од вашето работно место?
Читав дека имплементирањето на овој принцип стана професионална деформација, но јас немам табли во приватниот живот. Дома гледам многу работи низ призмата на процесите кои се изградени во нашиот тим. На пример, кога го планирам денот, употребувам Канбан во мојата глава: што треба да направам, што можам и гледам дали сум задоволна со резултатот. Некогаш го користам таканаречениот процес на олеснување како би дошла до одлука заедно со мојата фамилија и пријателите.


