Овие денови слушаме и читаме за дигитализација, научници за податоци и експерти за податоци, што е потребно да се биде еден од нив, важноста на податоците и вештини за анализирање за подобра услуга кон корисниците – и да, да бидеме успешна компанија ;-) Ги запознавме Жељко и Дора, двајца хрватски колеги кои ја искористија можноста да се преселат во Австрија и да ги прошират своите вештини за податоци во седиштето на А1 во Виена #MakeItHappen. Во интервју, тие ги споделија своите лични сознанија за учењето, нивната фасцинација за податоци и работа во меѓународна компанија.

 

За да станеме компанија која се развива врз основа на податоците, компанија која го поттикнува дигиталниот живот на нашите корисници, потребно е да се здобијат многу нови вештини, да се подобрат многу процеси и структури кои ќе ги задоволат потребите на корисниците. Додека повеќето од нас се восхитуваат на ѕвезденото небо, убавината на милиони бази на податоци е тешко да се види на прв поглед. Затоа разговорот со Жељко Смолар, A1 Group Marketing и Дора Мајинрих A1 Group, Data, Analytics & AI in Digital Transformation Center of Excellence ги подобри нашите разбирања :-) #enjoy!


»Податоците ни кажуваат за нашиот пазар, нашите производи и услуги, за корисниците и нивните потреби.«


Dora Majnaric
Data, Analytics & AI in Digital Transformation CoE

Затоа ја сакам науката за податоци:
Dora Majnaric: Се работи за донесување информативни одлуки и помош да бидеме уште подобри.


Најдоброто во мојата работа е …

Меѓународната средина, прекрасниот тимски дух и колегите кои доаѓаат од целиот свет – од Узбекистан и Франција, до Грција, Австрија и многу други.

Мојата мотивација да работам во друга држава се..
новиот град и новите предизвици.

Сличности и разлики помеѓу мојата и австриската култура се …
Би рекола дека двете култури се многу слични. Ми се допаѓа тоа што прашањето “Од каде си?” е задолжително, како и многу видови на минерална вода. ;-) Но и фактот дека секој е скијач.

Добрата страна на работа во меѓународна компанија како А1 е …
Во групацијата, ние работиме за сите оперативни компании. Возбудливо е да се види како еден прототип се однесува на локалните пазари.

Кога споделувам знаење се чувствувам добро бидејќи…
цврсто верувам дека споделувањето на знаење е единствениот начин да се развивате професионално и како личност.

Константно учење за мене значи…
Не само да се запознаете со новите трендови и технологии поврзани со податоците, туку да слушате и учите од повратните информации.

Најдоброто нешто поврзано со работата и живеењето во Виена … 
Живот во голем, метрополски град. Не ми се допаѓа изразот “котел кој врие”, но факт е дека секој може да најде нешто за себе овде.

Совет кој би сакала да го споделам со другите (поврзан со љубопотноста за науката за податоци и/или можноста за работа надвор од вашата држава)
Едноставно направете го тоа!

Željko Smolar
A1 Group Marketing

Ова е причината зошто ја сакам науката за податоци:
Željko Smolar:  Податоците се основа за дигиталната трансформација на нашиот бизнис. Процесот на трансформација ни дава многу податоци за да се подобриме, а науката за податоци е збир на вештини кои се клучни за целта.

Најдоброто во мојата работа е…
Можноста да се поврзете со луѓето од другите држави и да имате седиште во првиот ред додека тие постигнуваат одлучни резултати.

Мојата мотивација да работам во друга држава се…
Живеење во друга држава отвора нови перспективи, можност да запознаете интересни луѓе и да се интересирате за работите кои ви се важни во животот.

Сличности и разлики помеѓу мојата и австриската култура се …
Ако ја земеме во предвид историјата на нашите две држави, ќе увидиме повеќе сличности отколку разлики. Поради тоа, културните елементи се отфрлени од страна на индивидуалци и специфични корпоративни култури во нашите компании.

Добрата страна на работа во меѓународна компанија како А1 е …
Најголемото богатство кое А1 го има се луѓето кои работат, различните култури, перспективи и индивидуални ликови се спојуваат и растат заедно.

Кога споделувам знаење се чувствувам добро бидејќи…
Споделувањето и разменувањето знаење го поддржува развојот и размислувањето за раст што е една од клучните вештини потребни во денешно време.


»Константното учење е начин на живот, ако престанете да учите…што останува?«


Најдоброто нешто поврзано со работата и живеењето во Виена …
Да бидете изложени и да научите за различните култури, да запознаете различни луѓе и позитивното гледиште кон иднината. Виена е град со фантастичен микс од рационални и емотивни компоненти, длабоко испреплетени.

Совет кој би сакал да го споделам со другите (поврзан со љубопотноста за науката за податоци и/или можноста за работа надвор од вашата држава)… 
Преселбата во друга држава и учењето за науката на податоци звучи тешко/ невозможно кога размислувате за тоа. Но, ако продолжите да размислувате за нив – тогаш мојот совет е – само пробајте!

#MakeItHappen!