Ѕвонимир Зеленика – Неговото име ви звучи познато? Не е ни чудо, тој веќе се има појавено во некои од нашите претходни A1 приказни. Го споменавме кога пишувавме за Cable Rollout тимот на Випнет, што е супер пример за соработка помеѓу разни оддели (Маркетинг, Продажба и неколку Технички оддели) и имплементација на нашите корпоративни вредности. Но, има и други работи кои не ги знаете за Ѕвонимир…

Тој е еден и единствен Core Transport Development раководител во Випнет, кого го интересираат многу работи во и надвор од канцеларијата, додека неговите колеги го опишуваат како топ експерт и вистински тимски играч, подготвен да им помогне на своите колеги во било кое време. Дополнително, тој е секогаш добро расположен и носи добро расположение во неговиот оддел. Неговиот ведар дух е присутен дури и кога тој го опишува секојдневниот живот на еден технички инженер во телекомуникациска компанија:

“Животот на еден технички инженер во телекомуникациска компанија најдобро може да се објасни земјаќи ја за пример машината за перење алишта, да ставиме пинг понг топчиња внатре и да ја пуштиме машината на 1500 вртежи. По некое време се навикнуваш на тоа темпо, но не може вистински да се објасни што всушност си работел и што работиш во моментот, затоа што најверојатно работиш во исто време на 17 различни проекти, па кога некој ќе ве праша: што работиш? наједноставно можеш да му одговориш: Подобро да не знаеш :)”

Како и да е, за да објасниме попрецизно што работи Ѕвонимир, потребна ни е негова помош:

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Негова специјалност: Преносни системи (xWDM&OTN), сите типови на пристап (xDSL, малку HFC, повеќе FTTH), малку MAN Ethernet мрежи и MPLS, малку раководење на проекти, планирање и дизајнирање на дата центри, и генерално се што вреди да се работи (или се што треба да се сработи а никој не сака да го стори тоа)…

Но сеуште не сте го слушнале најдоброто од приказната на Ѕвонимир: Можеби мислите дека гореспоменатото е доволно да ги пополни неговите денови, но тој исто така волонтира во различни бизнис активности по неговите работни часови. Што е на дневен ред кај Ѕвонко? Инвестирање во иднината! Доколку не сте го виделе во живо, тогаш најверојатно нема да поверувате, но Ѕвонимир може да се опише како луд професор. Освен што е гениј за техника, често можете да го видите како трча по ходници во бела наметка како доктор, како подава балони и им го пренесува своето знаење на децата. Тој исто така на пример, беше член на локалното жири на Empowering ideas и водич во Управната зграда во Випнет за време на Отворениот ден на децата.