Дали знаете да чувате тајна? Ние не. Затоа сакаме да споделиме со вас една прекрасна вечер: Тајната градина беше првата забава на вработените во А1 Бугарија по ребрендирањето, а во воздухот се чувствуваше возбуда и добри вибрации. А затоа што сакавме да го доловиме чувството на #ЕднаКомпанија, ги поканивме колегите од другите ОпКоа да го направат квизот за Бугарија и да добијат шанса да бидат дел од забавата. Не успеаа да дојдат сите што ги поканивме, но со нас беа: Никола, Бранко, Катарина и Јуре. Продолжете да читате за да ги слушнете нивните тајни импресии!

Времето во јуни е најчесто променливо, но оваа година беше повеќе од добро: по 2 недели дожд и невреме, се појави сонцето и ни даде прекрасна саботна вечер. Во зелената ботаничка градина во Софија, повеќе од 1200 колеги од А1 Бугарија имаа можност да летаат дрон, да ги испробаат VR очилата, се сликаа, готвеа, испробуваа коктели, играа фудбал, погодуваа со стрела, танцуваа со нашите поп-ѕвезди и доживеаа незаборавни моменти. Меѓу нив беа победниците од квизот-Никола, Бранко, Катарина и Јуре.

Еве ги импресиите на нашите гости од прва рака:

Никола Јевтиќ, Експерт за социјални медиуми во Вип мобил, Србија

Ова беше мое прво патување во Бугарија и тоа што ме фасцинираше навистина за време на турата околу Софија беа остатоците од стариот град Сердика и како тие се сочувани. Нашите домаќини од А1 Бугарија (благодарам Ирена, Драго, Методи, Михаил и Ивајло) беа наши водичи, и не одведоа до забавата во Тајната Градина. Уште од самиот почеток ни беше забавно. Малку ни се вртеше во зоната со дроновите и со искуството со VR, и по неколку испиени пијалоци и прекрасниот кетеринг со сладолед, отидовме да играме на подиумот. Со нетрпение чекав да се возам во балонот за летање, но за жал поради ветер ова искуство беше одложено, се надевам за некоја друга А1 забава :)


»Негуваме слични вредности во една навистина разнолика култура.«


Јуре Јуречич, Соработник во Одделот за гаранција за квалитет во А1 Словенија

Кога го видов квизот, видов можност да ја посетам Софија повторно и си реков: зошто да не. Ја имам посетено Софија пред 10 години, така што знаев нешто за овој град, но се изненадив колку се има променето – во добра смисла. Забавата беше навистина супер, и имаше од се по нешто за сите, плус јас обожувам добра храна :) На сите колеги од А1 Групацијата, би сакал да им кажам: Не ја пропуштајте шансата да ја посетите Софија, со нетрпение чекам повторно да отидам. Ви благодарам што ме примивте! :)


»Бев импресиониран од гостопримството, што навистина направи да се чувствувам како дел од една голема компанија.«


Бранко Кралик, Експерт за развој на продажба, Випнет Хрватска

Јас сакам квизови и можности за победа, па така го направив квизот :) Ова беше мое прво патување во Софија, па така се подготвив со основните информации за градот. Тоа што ме импресионираше најмногу од се, беа парковите и ентериерот на Базиликата Св. Софија. Забавата во Тајната Градина беше перфектна! Особено ми се допаѓаше музиката и спортските активности. Честитки до организаторите и до сите во А1 Групацијата – треба да знаете: колегите од Бугарија се супер! :)


»Кога би требал да ја оценам забавата, тоа би било: А1!«


Катарина Крстевска, Специјалист за бизнис истражувања во Вип Македонија

Ми се допаѓаше наградата, па си реков зошто да не одвојам 5 минути и да си ја пробам среќата? Иако сум била во Софија неколку пати до сега, секогаш е добро да се отиде повторно. Овој пат научив многу за градот благодарение на Драго, нашиот колега од А1 Бугарија, кој беше доволно љубезен да биде наш водич и да ни ја раскаже историјата на Софија. Наредниот ден беше забавата и беше супер! Навистина ми се допадна градината, сите активности и позитивните вибрации од нашите колеги. Сите беа супер фини и гостопримливи. Ве молам поканете ме на вашите забави повторно! :)


»Се почувстував како дел од големата А1 фамилија.«