Се сеќавате ли на Вашиот прв мобилен телефон? Доколку во овој момент додека го читате ова не сте тинејџер, веројатно Вашиот прв мобилен телефон имал копчиња кои се притискаат за да се јавите некому. Пред 20 години, овој проект кој сега гордо го споделуваме со Вас, немаше да биде возможен без функционална GSM мрежа, дизајнирана од мотивирани луѓе кои веруваа во една невозможна цел. Денес, постојат нови предизвици, но едно нешто останува исто во А1 Хрватска: посветен тим. Запознавме двајца колеги со различни перспективи за да поразговараме за нивната долгогодишна и неодамна започната работа во А1 Хрватска.

Оваа година, А1 Хрватска прослави 20 години постоење на хрватскиот пазар. Од самиот нејзин почеток како Vipnet, се сменија многу работи, се развиваше технологијата и една мала компанија стана важен дел од една меѓународна корпорација. Кои се разликите и сличностите помеѓу сега и тогаш? Која е личната мотивација да се доаѓа на работа? Каква ќе биде А1 Хрватска по 20 години? Дамир Црнковиќ, експерт за проектирање, беше помеѓу првите луѓе кои работеа за хрватската компанија и во ова интервју ќе сподели некои спомени од работата. Игор Дуиќ, пак, којшто е експерт за ПР, ѝ се придружи на компанијата на денот кога таа стана А1 Хрватска и со себе донесе 20-годишно искуство во медиуми и познавање на А1 Хрватска само од надворешна перспектива. Запознајте ги овие шармантни момци и дознајте повеќе за нашиот тимски дух во А1! #MakeItHappen

Дамир Црнковиќ, експерт за проектирање во Одделот за управување со објекти

Damir Crnković

1. Дамир, може ли да ја опишете работната средина кога почнавте да работите во поранешната Vipnet пред 20 години. На што помислувате прво?
Изнајмен канцелариски простор од приближно 100 m², насмеани лица, позитивна енергија, ентузијастичка атмосфера со невозможна цел: да се воведе комплетно функционална GSM мрежа за само шест месеци … невозможно, но целосно остварено!

2. Кои се најголемите разлики во споредба со денешниот кампус?
Денешниот кампус не постоеше во 1999 год. Тој беше изграден во периодот помеѓу 2003-та и 2005-та година. Дотогаш, единствената зграда (складиште) беше трансформирана во Центар за односи со корисници со 50 вработени и со потребната телекомуникациска опрема. Почнавме скромно, за денес да станеме модерна компанија на 21-от век.

3. Што Ви се допаѓа најмногу во врска со проектот за кампус на А1?
Да се биде дел од проектот од 2003-та, да се создаде најголемиот канцелариски центар во Хрватска, придружено со прекрасен тим од фокусирани и посветени колеги, кои целта ја гледаа како предизвик, а не како проблем. За помалку од две години подоцна, 22.000 m² беа функционални и работеа.

4. Кои беа најголемите предизвици со кои се соочивте?
Најголем предизвик беше да се работи со многу различни карактери, како и роковите.

5. Кои беа најголемите клучни настани од технолошка перспектива?
Според мене, најголемиот клучен настан беше интеграцијата на мобилни технологии со ТВ и фиксната комуникациска технологија.

»А1 е компанија со многу талентирани и просперитетни млади луѓе.«

6. Има ли нешто на што сте особено горди?
Да се биде дел од тим од одлични експерти, моите колеги со кои работев и оние со кои сѐ уште работам.

7. Која е Вашата мотивација да доаѓате на работа?
Разните секојдневни предизвици и драгите колеги со кои сум опкружен.

8. Која е Вашата роденденска честитка за тимот на А1 Хрватска?
Бидете добри луѓе, бидете свои, верувајте им на Вашите колеги и поддржувајте се меѓусебно … и успехот е загарантиран.

Игор Дуиќ, експерт за ПР, Корпоративни комуникации

Igor Duic

1. Игор, како е да се биде дел од тимот на А1 Хрватска сега, имајќи предвид дека долго време го знаевте претходниот бренд од надворешна перспектива?
Всушност, јас никогаш не сум работел во Vipnet. Компанијата стана А1 Хрватска во истиот ден кога јас започнав со мојата нова работа во Одделот за корпоративни комуникации. Така што, тоа беше голема промена, и за мене и за мојот нов работодавец, и среќен сум што имам можност да бидам дел од тоа.

2. Кое беше најголемото изненадување кога започнавте со работа во А1 Хрватска?
Дефинитивно, тоа беше работната култура која поддржува флексибилен и брз начин на работа и која дозволува грешки со мотото „грешката направи ја брзо, научи од неа и продолжи понатаму“. Многу е поразлично од компанијата каде што работев претходно.

3. Како ќе го опишете духот во А1?
Јас најдов отворена работна атмосфера, без предрасуди, во која се почувствував прифатен и добредојден уште од првиот ден. Комуникацијата е директна и пријателска истовремено.

 

»Мојот тим е одличен, си помагаме и се поддржуваме едни со други, што ми помогна да станам вистински А1 тимски играч.«

4. Која е Вашата мотивација да доаѓате на работа?
Излезе дека јас сум единственото машко во нашиот Оддел за корпоративни комуникации, меѓутоа тоа воопшто не ми смета бидејќи девојките направија да се чувствувам како еден од нив :) Досега, пронајдов многу можности за надоградување.

5. Што е тоа што Вие лично го донесовте во А1 Хрватска, од лично и професионално искуство?
Поради моето претходно искуство во полето на медиумите можам слободно да работам во полето на јавни односи и да ги разберам медиумските потреби во дигиталната ера. Дојдов овде како отворена, комуникативна личност и тимски играч.

6. Која е Вашата роденденска честитка за тимот на А1 Хрватска?
Да продолжат и понатаму да поставуваат предизвици во работата и да имаат различна, позитивна работна култура.