Кога уживате да правите нешто, тоа обично го правите добро, исто како што упорноста и ентузијазмот се клучни за една идеја да може да заживее. Андреас Берлингер, страстен гејмер во А1 Групацијата, мораше да помине неколку круга низ компанијата и да испие најмалку 100 кафиња со луѓето кои мораше да ги убеди, пред да почне успешно да го шири вирусот eGaming и да ги направи eSports постојан дел од портфолиото на А1. #MakeItHappen

Andreas Berlinger
Empowering Ideas
at A1 Group

 

Соочен со бавен интернет дома, Андреас знаеше дека треба да преземе нешто. Оттогаш, овој гејмер „Д’Артањан“ започна да бара придружници во неговата потрага за подобрување на Интернет перформансите, не само за негови сопствени потреби, туку и за оние на брзо растечката заедница на гејмери. Впрочем, Андреас беше и е убеден дека „ние нудиме производ кој има позитивно влијание врз гејмингот: пристап до Интернет! Високиот пропусен опсег е неопходен колку и за симнување толку и за стабилна врска и латентност. А тие се предност на А1“.

Дали сакате да знаете зошто А1 и eSports се совршен пар? Продолжете да читате и дознајте повеќе за советите на Андреас наменети за постигнување на целите и неговиот став кон гејмингот. Исто така, што можеме да научиме за себе кога играме.

За вас, кои моменти од изминатите 5 години се истакнуваат?

2015

Првиот пат кога се распрашав во компанијата зошто не правиме ништо за гејмерите, одговорот тогаш беше дека целната група е премала. Потоа наидов на студија од Германија, според која две третини од населението играат нешто: друштвени игри, игри со карти или видео игри. Тогаш ми кажаа: „Да Андреас, можеби секое второ домаќинство игра нешто, но секое домаќинство има домаќинство. Затоа би сакале да се концентрираме на решенија за паметни домови“. Ова беше назадување, но јас не престанав да верувам.

2016

После Game City во Виена (3-дневен настан со повеќе од 70.000 посетители), решив да станам активен. Прво, почнав да собирам идеи во фокус групи и потоа продолжив да ги одбирам вистинските луѓе во нашата компанија – многу мали делови што заедно го прават конечниот предлог!

2017

Воведување на Премиум Модем како „модем за гејмери“, основање на Адрија лигата и А1 eSports лигата.

2018 – 2019

Отворање на А1 eSports хабови во Виена, Дорнбирн и Голинг… и уште повеќе кои следат! :-)

Која беше вашата прва компјутерска игра?
Во 1984 година, обожавав да играм симулациски игри на C64, а подоцна и на Amiga, како Interceptor – секако, додека го слушав саундтракот на „Top Gun“ и „Iron Eagle“. :-) Иако сите некогаш го играле Супер Марио, Halo беше и е најдобрата игра на сите времиња.

Што е толку инспиративно во врска со гејмингот?
Успешна игра е како интерактивен филм или добра книга: ве фасцинира и вие станувате активен дел од неа. Комбинира приказна, графички дизајн и звук и слобода на одлучување до одредено ниво, што ја прави медиумско уметничко дело.


Гејмингот е забавен!


Дали сте носталгичен кога играте?
Не баш. Денес кога играм стари игри, повеќе не ја разбирам мојата фасцинација од детството. Навистина претпочитам да играм со денешните графички дизајн, звук и контролори. Второ: Гејмингот не се само за деца!

 

»Секој треба да игра игри. Помага да се намали стресот, да се подигнат нивоата на толеранција за грешки и на крајот навистина може да научите многу за себе.«

Што научивте за себе?
Искрено, многу. Дефинитивно знам што ме мотивира. Правењето грешки не е проблем за мене, затоа што се случува многу пати кога играм. Разговарав со многу луѓе изминативе години кои престанаа да играат поради тоа што не сакааат да прават грешки. Мојот совет до нив е: започнете одново! Мора да биде во ред да се прават грешки – додека играте и во професионалниот живот.

Дали сте поинаква личност кога играте отколку во секојдневниот живот?
Играњето е дел од мојот „секојдневен живот“. Веројатно сум најискрен кога играм. Платон рекол: „Може да откриете повеќе за човек во еден час игра отколку со една година разговор“.

Колку часови неделно поминувате играјќи?
Премалку (смеа). Можеби 4-6 часа неделно. Покрај тоа, секој четврток со пријателите имаме стална виртуелна средба. Тоа трае повеќе од 14 години.

Во врска со зависноста од игри. Како се справувате со тоа?
Мислам дека зависноста започнува кога нешто му штети на човекот на физички, ментален или социјален начин. Ако човек не го забележи тоа сам, тогаш неговата околина треба да преземе акција.

Кои се предностите на eSports во споредба со реалните спортови?
Верувам дека разликата лежи во односот помеѓу навивачите и спортистите. На пример, многу од големите ѕвезди стримаат на Twitch. Ова е по лично отколку само ТВ-интервју. Како обожавател, ја следам играта или тренингот и директно стапувам во контакт со коментарите и реакциите на мојот херој.

Фондацијата „make a wish“ им помага децата со сериозни болести да остварат желба. Неодамна, запознавте три деца кои беа страствени за eGaming, и А1 беше во можност да создаде неколку среќни моменти.

Ова беше одлично искуство – не само за децата, туку и за мене. Никогаш нема да ја заборавам искрата во нивните очи кога пристигнаа во салата на eSports лигата во ноември и нивните големи насмевки кога стапија на бината. Можеше јасно да ги почувствувате нивните емоции и фасцинираност. Да се почувствува среќа е одлично, но да се даде, тоа е уште подобро.

Признанија – Слика на заглавието: А1 eSports лига Австрија – Rise of the Legends (в) Дејвид Ихл