Како индустријa сè повеќе сме од витално значење за општеството, а со тоа доаѓа и одговорноста која ја носиме. Од минатата година го имаме одржливиот начин на работа како дел од нашата компаниска стратегија. Environmental, Social and Corporate Governance или скратено ESG е дел од стратешката определба на А1 Македонија и се залага за животната средина, социјалното и корпоративно управување. Социјална амбиција на Групацијата е едукација на над 100.000 луѓе до 2023 година, со посебен фокус на деца и млади, и тоа во сегментот на дигиталната писменост.

А1 Македонија во јуни го заврши четвртиот циклус предавања за учениците од 4то одделение од проектот »Интернетот не e само игра…Кликај безбедно!«, оваа година целосно во онлајн формат. Предавачите волонтери, вработени во А1 Македонија, сите дел од овој проект од самите негови почетоци, со голем ентузијазам ги држат предавањата и се трудат да им го пренесат на децата сето своето знаење. Ги учат како да ги препознаваат »небезбедните« веб страници, како правилно да ги користат пребарувачите и апликациите, да не споделуваат свои слики и лични податоци, како да креираат безбедни лозинки, и најважно од се, ги учат дека се што им изгледа сомнително или чудно треба да го пријават на своите родители или наставници.


Имаме одговорност да ги едуцираме најмладите членови на нашето општество.


Разговаравме со Маја и Наташа, наши колешки и верни волонтери за нивното искуство со проектот и еве што тие ни кажаа.

Маја Савиќ Тодоровска
Постар специјалист за решавање на кориснички поплаки

Проектот кој го осмисли и спроведе А1 Македонија се покажа како одличо прифатен и од страна на училиштата и од страна на нас вработените. Се радувам и ме прави горда фактот што нашата компанија е дел од ESG проектот и вложува во едукација на најмладите, со што докажува дека и ние вработените сме општествено одговорни личности. Искуството кое го доживеав работејќи на пректот е прекрасно. Открив кај себе дарба, која можеби потсвесно и чувствував дека ја имам. Успеав да задржам внимание на дечиња од 10 годишна возраст еден цел училишен час! Покрај тоа што учевме заедно, бидејќи учењето е повратен процес, ние и одлично се забавуваме. Искрените детски коментари и енергијата која ја разменуваме е бесцената. Тоа ми е мотив да продолжам да бидам дел од ова работилница и понатаму. Страста што ја чувствувам кога сум таму е супер! A1 made it happen!

Наташа Бошковска
Тим лидер на тим за телефонска продажба

Имам голема чест и одговорност да учествувам во дел од ESG проектот, проектот на А1 Македонија Кликај безбедно. Искуство кое е неповториво, особено кога децата јасно ти даваат до знаење дека си корисен, што е впрочем и целта. Во времетраење од 45 минути на забавен начин разговараме за навиките, ризиците и времето децата кое го трошат на интернет со цел да им помогнеме да израснат во сигурни и одговорни корисници на дигиталните уреди и содржини. Нема поголема инспирација од тоа кога ќе видите детски очи желни за учење кои се излезени од секојдневната матрица на образованието. Нема поголем поттик кога ќе ги слушнете нивните прашања, идеи и заклучоци. Едноставно, одличен проект и исполнителни деца се доволни за мотив. Се радувам на секоја нова работилница и препорачувам ова искуство да се доживее.

Внимание! Следуваат уште А1 Приказни, преку кои ќе се запознаеме со колегите кои внесуваат живот во нашите ESG активности.