Кратка мисла со силна порака, доколку ја сфатите сериозно.

Дали да ја фрлам хартијата в корпа или да ја селектирам? Дали да им помогнам на постарите соседи со пазарењето? Дали да го оставам автомобилот дома или, наместо тоа, да пешачам? Ова се мали, свесни одлуки коишто изразуваат индивидуален став и може да направат голема разлика.

Marco Harfmann
Director Marketing Communication
A1 Austria

Марко Харфман, директор за маркетинг комуникации во А1 Австрија, отсекогаш бил воден од ентузијазмот за иднината и како тој може да ја промени на подобро. И од професионален аспект ова е нешто што му е многу важно. Повеќе енергија беше насочена кон развојот на тековната реклама на А1, чијашто цел е да пренесе позитивно расположение и храброст кои се потребни за да се направат промени кон подобра иднина. И, како и да е, како се создава чувствителна реклама во време кога мора да држиме растојание едни од други? Што е потребно за една реклама да биде запомнета? И, какво значење има музиката за Марко? Ќе дознаеме за ова и за други нешта – од Марко – и неговиот тим – во ова интервју.

Марко ја откри својата страст за маркетингот – не знаејќи тогаш дека тоа така се нарекува – кратко пред да заврши средно училиште, преку дизајнирање и, евентуално, продавање на „Матурскиот весник“. Дури и тогаш, кога ја лансираше „скандалозната“ тизер кампања за списанието, тој сфаќаше што значи да се креира желба. А што е со успехот? Весникот се продаваше како алва и со тоа финансираше матурска екскурзија за сите. По неколку професионални станици во областа на маркетинг и продажба, тој сега е одговорен за рекламирање, е-спортови и спонзорства во А1 Австрија.

Што беше посебно во развојот на оваа реклама?

Од една страна, тука е проблемот со времето. Годишно произведуваме околу пет реклами. Секако, многу од нашите реклами за производи се рутински, но за оваа реклама намерно сакавме да одвоиме време за истражување и планиравме уште еден дополнителен месец за да работиме со сета сила на нашиот тим. А второ, сè е во врска со содржината, кредибилитетот што сакаме јасно да го изразиме со оваа реклама: секое дело е важно, секој еден чекор – за нас како компанија, но исто така, и за сите нас посебно. За оваа цел, многу рано во процесот вклучивме интерни засегнати страни, за да осигураме автентична комуникација со надворешниот свет.

Дозволете ми да поставам кратко прашање за главниот тим: како би го објасниле поимот „тимска работа“?

Волфганг Стурм: Сложено, предизвикувачки, преклопувачки. Со нова ТВ реклама, јас лично, секогаш се обидувам да ја погледнам однадвор и да размислам за различните канали за емитување – посебно на интернет – како и за посебните формати и особености.

Клаудија Спорер-Гоштаи: Интензивната размена во рамките на тимот помага да се истакнат темите од сите перспективи и заедно да создадеме нови идеи. Само тогаш кога ќе се испреплетат различни пристапи, може да се создаде нешто ново. Сега сме заедно ;-).

Матијас Симперл: Секогаш е тешко да се најде баланс помеѓу „Секој може да го каже своето мислење“ и „При многу баби детето килаво излегува“. Соработката беше интензивна, богата со дискусии, некомпромисна (во позитивна смисла) ;-).

Како изгледа едно создавање на реклама, со оглед на мерките против Корона?

Станавме вистински професионалци за држење онлајн состаноци и, заедно со нашата рекламна агенција, најдовме и начини да работиме креативно на дигитално ниво. Дури и предпродукцискиот состанок, класичен состанок лице в лице со целиот тим каде што седиме околу работна маса и дискутираме за рекламата пред таа да се снима, овојпат се одвиваше виртуелно. За време на снимањето и правењето на рекламата, сите на сетот се тестираа и секаде ги почитувавме најстрогите хигиенски мерки.

Што значи оваа реклама лично за Вас?

Навистина сум убеден дека денес една компанија мора да се залага за многу повеќе отколку само за своите производи. Токму затоа рекламата треба да ве натера емоционално да почувствувате за што се залагаме ние како бренд и колку нашата компанија прави за сите и за општеството. Не се работи толку многу за технологијата зад тоа, туку за она што ќе го извлечете од сето тоа. Бидејќи живееме во време кога секој може да направи мала промена на подобро, за него или неа, но и за следната генерација исто така.


»Јас сметам дека е луксуз и привилегија да може независно да се направи реклама за еден од најголемите брендови на Австрија.«


Матијас: За мене беше навистина важно да покажеме дека ние, како бренд и компанија, сме дел од решението и создаваме позитивно расположение во однос на трите глобални кризи (здравствената криза, економската криза и климатската криза) коишто влијаат врз сите и ги окупираат сите.

Клаудија: Да ги прикажеме димензијата и важноста на нашата компанија за секој Австриец преку слики кои (надежно) ќе ве наежат.

Волфганг: Позитивната интеракција на сликите и музиката.

Патем, околу музиката: Која песна од ТВ реклама е Ваш личен фаворит?

Марко: Ако нема музика, нема емоции. Прекрасните слики се добри и неопходни, но само музиката создава вистинска атмосфера и затоа е клучна за успехот на секоја реклама. Приватно, обожавам да слушам музика – и на професионално поле сум многу среќен кога остануваме во допир со нашите музички креации. Мој фаворит од 2020 година е „The Best“ од Ејволнејшн на лансирањето на А1 Xplore TV, и дефинитивно Хери Стајлс со „Sign of the Times“ на лансирањето на 5G. „Now it’s you“ на Мајкл Каделбах, специјално компонирана за оваа кампања, што е и навистина заразна мелодија. :-)

Каква е Вашата желба за оваа реклама?

Кога ги гледаме нашите корисници сфаќаме дека цената веќе не е сè кога станува збор за споредливи производи. Се работи за градење емоционална поврзаност и покажување став. Затоа мојата лична цел е да создадеме незаборавна, чувствителна реклама којашто ќе се помни со години.


»Рекламата е успешна кога ги допира гледачите и беспрекорно ги пренесува нашите пораки.«


Клаудија

И што мислите? Дали успеавме? Уживајте додека гледате – сега сте вие! Вие сте на ред!