Во нашата последна А1 приказна, ја претставивме амбицијата на А1 Групацијата да имплементира одржливи цели за еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG). Оваа приказна ве води на патување за да ве запознае со различните активности на нашите земји со цел да ја подигнеме свеста за животната средина, општеството и различностите помеѓу вработените и граѓаните. Да се инспирираме!

Со речиси 18.000 вработени во А1 Групацијата, постои голем потенцијал за ширење на одржлив дух. Некои од мерките кои се прикажани подолу директно влијаат на нашите цели за еколошко, општествено и корпоративно управување (ESG), додека другите мерки едноставно придонесуваат за запирање на климатските промени или се корисни за природата и животната средина.

 

Еколошко, општествено и корпоративно управување во А1 Бугарија

E! Во А1 Бугарија, имаме два добро развиени центри за рециклирање, каде што обновуваме и рециклираме илјадници парчиња опрема од крајните корисници, како што се кабелски кутии, модеми, итн. Воедно имаме пет хибридни базни станици напојувани со соларна енергија со што се намалува емисијата на CO2. Како дел од поновите реконструкции, седиштето на А1 се здоби со висока енергетска ефикасност со нов систем за осветлување, изолација, обновување на фасадата, систем за климатизација, соларно загревање на водата и сепарирање на отпад. Нашиот возен парк вклучува хибридни модели и истовремено се префрлуваме од автомобили на дизел на автомобили на бензин, кои ги исполнуваат Еуро стандардите.

S! Обезбедуваме обука за медиумска писменост на повеќе од 2.000 деца секоја година и од 2019 година исто така се фокусираме на намалување на дигиталниот јаз со специјални сесии за возрасни лица кои имаат повеќе од 55 години како дел од нашата иницијатива »Интернет за сите«.

G! Родовата различност веќе претставува норма бидејќи 46 % од сите вработени се жени и забележуваме слично усогласување и на раководните позиции. Темата »Усогласување« е интегрирана во нашето секојдневно работење и е поддржана со редовни кампањи и обуки за свесност.

А1 Австрија – »А1 мрежа за ЛГБТ+ Вработени и Пријатели«.

Гунтер Мандл, ко-основач на ЛГБТ+ мрежата заедно со Ева Вујиќ: »Ева и јас сме на иста бранова должина. И двајцата сме отворени, ја сакаме нашата работа и работењето во енергични тимови со инклузивна работна култура. Истовремено знаеме дека не е толку лесно за секого: Постојат многу ЛГБТ+ колеги кои не се осмелуваат да бидат искрени на работното место. Некои дури и се плашат од негативно влијание врз нивната кариера или општествена положба. И покрај подобрените закони за еднаквост во Австрија, сѐ уште постојат недостатоци во нашето законодавство против дискриминација.

 


зошто да не се започне иницијатива?


Се здруживме со посветена група на луѓе ширум А1 Австрија и А1 Дигитал и посветивме многу слободно време за да ја лансираме нашата »А1 Мрежа за ЛГБТ+ Вработени и Пријатели«. Нашата мрежа конкретно ќе ги опфати темите за ЛГБТ+ свесност во нашата работна средина. Сакаме да ја поттикнеме нашата работна култура: Секој – независно од сексуалната ориентација – може да верува дека А1 активно промовира безбедна и охрабрувачка животна средина. Само дојдете на работа така како што најмногу си се допаѓате. Тоа е сѐ што е важно.«

А1 Словенија – Секоја постапка е важна

А1 Словенија има вкоренета општествена одговорност во самото јадро на своето деловно работење. Зелената работна средина ги поттикнува и инспирира вработените да започнат да размислуваат одговорно во сите нивни работни процеси. Затоа, користиме само еколошки корпи за одвојување на отпадоците на нашето работно место и пиеме вода од чешма.

Нашето седиште во Љубљана има зелен покрив на кој се засадени седуми. Покривот е енергетски-ефикасен и еколошки. Претставува дом на шест кошници за пчели за кои се грижат вработените заедно со нашиот локален пчелар. Сакаме да споделиме колку се важни пчелите преку различни проекти и иницијативи, дома и во странство.

Организираме активности за чистење заедно со А1 тимот, но воедно ги каниме и децата и младите да учествуваат. Свесни сме дека почитта кон природата е клучот за иднината на следните генерации.

А1 Белорусија: #ionline

#ionline е дигитално волонтерско движење лансирано од А1 Белорусија за сите кои се подготвени да споделуваат знаење со оние кои имаат потреба од помош во истражување на светот на мобилните технологии. За учество во проектот, треба да се најде лице кое треба да научи како да ги користи мобилните интернет технологии. Таканаречениот доброволец треба да се регистрира на влезната страница за проектот https://ionline.a1.by/. Со регистрација на официјалната страница, волонтерите добиваат можност за доделување на 1 GB бесплатен интернет сообраќај на претплатникот кого волонтерот планира да го обучува. Воедно беше лансиран специјален Телеграм-канал како поддршка на проектот, кој на волонтерите им дава совети како тие што имаат потреба полесно да се запознаат со светот на мобилните технологии, како и детални инструкции, кои може да се преземат од страницата на проектот.

А1 Македонија – Здрава животна средина за нашата иднина

Во А1 Македонија, ја покажуваме нашата посветеност за реализирање на нашата корпоративна одговорност на многу начини: Во изминатата година, промовиравме електронско плаќање (е-сметка) за да заштедиме на хартија. Го лансиравме нашиот пилот-проект, А1 еко-автобус и организиравме транспорт за вработените на подрачјето на Скопје во текот на зимските месеци со цел да се намали употребата на сопствени возила на вработените. Купивме електрични тротинети за на одржлив начин да стигнеме до деловните состаноци и ги заменивме старите неефикасни системи за климатизација на клучните точки со дигитални спирални компресори за да заштедиме енергија. Поставивме одделни кутии за отпадоци на секој кат во нашата управна зграда со цел да избегнеме пластични и хартиени амбалажи и обезбедивме стаклени шишиња за секој вработен. Во период од две години, обучивме повеќе од 2.000 ученици од четврто одделение на полето на интернет безбедност, создадовме дигитална брошура која е достапна на интернет на веб-сајтот на А1 и планираме да ја продолжиме програмата онлајн.

А1 Хрватска: Green@A1

Во есента 2020 година, А1 Хрватска ја лансираше обемната внатрешна информативна кампања »Green@A1«. Кампањата започна со виртуелното кафе со Јиржи Дворјанчански, Извршен директор на Кластерот Македонија и Хрватска. Како дел од предизвикот Зелен Гуру, тој вети дека отсега ќе патува со велосипед до канцеларијата и на тој начин ќе го мотивира А1 тимот да преземе сопствени мерки. Покрај тоа, беше прикажана информативна графичка анимација во која А1 Хрватска имплементира активности. Исто така беа дадени и совети за тоа како ние индивидуално можеме да придонесеме кон намалување на сопствениот СО2 отпечаток. Покрај послужените пијалоци кои беа зелени, и темите за дискусија на внатрешната социјална платформа беа во зелена боја. И не би била иновативна кампања доколку немавме придонес за нашето технолошко знаење и искуство (know-how): А1 Хрвстска обезбедува решение со »Интернет на нештата« за управување со отпадот кој ќе се донира во Паркот на природата Биоково и познатата воздушна патека.

Вип мобил – Заштеда и чистење

Посветеноста и грижата за животната средина отсекогаш биле дел од стратегијата на Вип. Нашите вработени се грижат за животната средина со заштеда на енергија, вода и други ресурси. Во работните средини се поставени контејнери за рециклирање на хартија, пластика, стакло и метал, додека електронскиот отпад се собира одделно и се рециклира во согласност со законските барања.

Се обидуваме да го зголемиме бројот на хибридни базни станици кои користат сончева и ветерна енергија. Врз основа на овој пример сакаме да ја промовираме употребата на обновливи енергетски ресурси. Развојот на свеста за животната средина помеѓу граѓаните на Србија ќе продолжи како дел од нашата поширока иницијатива »Екомотив Србија«. Еден дел од иницијативата беше чистењето на реките, при што околу 1.000 доброволци собраа повеќе од 400 кубни метри отпад од бреговите на 20 реки низ Србија за само два месеци.