Не е тајна дека разноликите тимови имаат подобри перформанси од хомогените тимови. А1 Групацијата веќе одамна знае дека разноликоста е клучна за успех и затоа го потпиша “Документот за разноликост” уште во 2014 година. Но што тој всушност значи? До кој степен сме задоволни, дали има простор за подобрување и како да ги надминеме различностите?

Во комбинираниот годишен извештај на А1 Групацијата, се наведува дека целта е да се постигне бројката од 38% жени вработени до крајот на 2018 година. Едно е јасно: немаме секаде ист успех. Додека кластерот Србија/Словенија води според бројот на жени во своите редови, А1 Австрија сеуште бара соодветни мерки да воспостави разноликост во корпоративната култура.

Ги интервјуиравме жените во Раководниот тим на кластерот Србија/Словенија, Лариса Гризило (Сениор директор во одделот за човечки ресурси и корпоративни комуникации, Бранка Пудрља-Дурбаба (Сениор маркетинг директор) и Натали Делиќ (Главен директор за техника и трансформација) и ги запрашавме како разноликоста е втемелена во нивната компанија, како може да помести планини и како изгледа перфектната иднина во А1.

 

Колку е разноликоста важна за вас и вашиот тим?

»Разноликоста ја прави мојата работа полесна и поубава.«

Натали:
Живееме во дигитална ера, каде корисниците се во центарот на вниманието. Тоа се различни луѓе со различни потреби, различен сензибилитет и различни искуства. Како обезбедувач на услуги, сакаме да се осврнеме на сите овие различни нијанси. Разноликоста ни помага да ги разбереме корисниците подобро.

Бранка:
Во моментот во Vip mobile јас сум одговорна за најбројните сектори во компанијата: Маркетинг, Продажба и Кориснички услуги. Честопати ги потсетувам раководителите во мојот сектор дека ние сме “различни луѓе кои се грижат и водат различни луѓе”. Клучот на секој успех е тимска работа.


»Важно е сите вработени да го дадат најдоброто од себе. Тоа е убавината на разноликоста и тоа не прави подобри секој ден.«


»Прифаќајќи ја разноликоста како  менаџер значи да си даваме едни на други простор за растење.«

Лариса:
Најважната причина зошто сакав да се приклучам на нашата компанија пред неколку години, беше тимската разноликост која ја забележав во ходниците на компанијата – не само полова разноликост туку различноста во годините и културата. Во нашиот кластер, чувствувам дека искрено ја прифаќаме разноликоста. Навистина верувам дека колку повеќе сме различни во групацијата, толку е поголем потенцијалот да направиме нешто неверојатно.

Какви се реакциите од машките членови на раководниот тим кон вас?

 

Натали:
Разноликоста не се однесува на полот, тука се работи за знаење, искуство и индивидуална вредност.

Бранка:
Тие се супер со нас, и затоа сите победуваме и соработуваме како еден тим со силата на нашата разноликост.

Лариса:
Сите од нив имаат прекрасно претходно искуство во работење со полово-балансирани тимови и јас верувам дека тоа е нормално за нив. Затоа работењето заедно носи вакво успех.

Силни, со отворено срце и успешни – еден поинаков успех од Србија

Иницијативата “Храбро срце” во Vip mobile беше основана во 2016 година како би се ре-позиционирал брендот на пазарот. Ова беше единствената цел и немаше други инструкции од нашиот раководен тим освен да бидеме храбри. Како? Проектниот тим креираше крос-функционален тим составен од мажи и жени, јуниори и сениори, со различни компетенции од разни единици со различни познавања и искуства. Дали тоа функционираше? Повеќе од очекуван EBITDA раст со дупла бројка две години по ред, удел во пазарот и ARPU раст во зрелиот Telco пазар. Натали е убедена: Што ако не разноликоста во тимот е заслужна за нивниот успех?

Dejan

Автентичност и добар пример се главните патокази

Сите три жени се сложни дека во професионалниот живот е важно да се биде свој, исполнителен за да се даде најдоброто од себе како би биле успешни на работа. Разноликоста доаѓа во преден план кога раководителите ја вклучуваат, како тоа што го прави Дејан Турк, Главниот извршен директор на кластерот Србија/Словенија. Тој не ги воздигнува жените во кластерот, но вака ги опишува:

Како изгледа разноликоста во перфектната А1 Групација?

Натали цели кон 30% удел на жените во раководните тимови и директорски функции во целата А1 групација, како и да бидат платени подеднакво за истата работа што ја работат. Бранка предлага споделување на најдобрите примери од кластерот Србија/Словенија :) Лариса би сакала да ја види нашата компанија не само на врвот според полова разноликост, туку да дозволи уште повеќе вклученост на лица од различна култура, лица со попреченост и LGBT вработени.

Понатаму, австриската мрежа на жени го постави прашањето како да ја позиционира А1 како компанија со разноликост и инклузивитет – и кои мерки треба да се преземат за тоа да се оствари. Тие се осврнаа на креативноста на австриските вработени и дури и пробаа нов формат – првиот хакатон на разноликост. Љубопитни сте за резултатот? Погледнете го видеото.

Па, кој е патот што води кон разноликост?

Според Натали, Бранка и Лариса: Искрено прифатете ја и активно барајте ја разноликоста! Ке бидете изненадени од резултатите!