Можеби сега помисливте на салама, но ова всушност е ставот дека има решение за секој проблем; барем според Оливера Чачоровска, проектен менаџер за проектот One SAP Хрватска во групацијата А1. Како одговорно лице на овој обемен проект, Оливера ги сподели со нас своите ставови за тоа како може да се усогласат различни култури, луѓе и интереси и да се фокусираат на една заедничка цел. Дозволете си да се инспирирате од неа и дознајте повеќе за нашиот групациски проект.

Одлично е кога постои хармонија, не само меѓу луѓето, туку и меѓу ИТ системите и процесите кои работат заедно. One SAP е пример за оптимизирање на процесите во сите земји каде А1 има свое претставништво, следејќи ја стратегијата „еден производ за повеќе употреби“ (анг. develop once – deploy to many). Блиската соработка помеѓу одделите во компанијата и интензивното споделување на знаењето ѝ овозможува на А1 да биде поефикасна и побрза во реализацијата на идеи за стратешки релевантните процеси и функции. Најголемата предност во справувањето со временските рокови е извонредниот тимски дух во семејството на One SAP.

Ова се главните достигнувања во текот на нашето работење со One SAP досега:

Olivera Chachorovska

Оливера е дел од проектот One SAP уште од почетокот. Во ова интервју, таа ни раскажува за малите и големите предизвици и како ги надминува како проектен менаџер.

Што е толку посебно во врска со проектот One SAP?
Луѓето, духот и предизвиците кои се пропратени со многу структура, различност, јасна и прецизна комуникација, ентузијазам и желба да си помагаме едни на други, и секако: многу забава. :-)

Што беше уникатно во работата со хрватскиот тим?
Тие се паметни, самоуверени, ценети експерти насочени кон изнаоѓање решенија, иако (или поради ова) понекогаш е тешко да ги убедите за нешто. :-) Или, како што вели нашиот технички координатор, Кристијан Швајхофер: Уникатноста во одвојувањето време за потребната содржина да се направи разбирлива за сите вклучени страни, од Бизнис секторот, IT SAP CC, па до продавачот, резултираше во договор без спорови.

Кои се предизвиците кога воведувате нови членови во работата на проектот?
Првиот чекор е објаснување на целите и вредноста на она што го работиме. Потоа, следен чекор е прифаќање на веќе воспоставената структура. Работиме вредно за секој да се чувствува прифатен и ценет. На тој начин стануваме силен тим – семесјтво One SAP.


»Ако сакате да успеете, мора да го слушате тимот.«


Што е најважно во работата која вклучува културни разлики?
Да ги прифатиме сите и да не судиме никому, да се обидеме да се разбираме меѓусебно и да бидеме љубезни еден со друг. Издвојте време да ги запознаете сите членови на тимот.

Кои случки Ве насмеале?
Дефинитивно, кога пеевме за време на тестирањето за време на обуките и стенд-ап состаноците. Многу се смеевме и на спонтаните собиранки. А, видео-конференцијата за финалната одлука за GO/No go и исчекувањето на одговорот од Одделот за логистика беше и смешен, но истовремено и многу напнат момент.

А, што вели проектниот тим за roll-outот во А1 Хрватска?