Секое доба носи со себе своја одговорност. За нас, денес, од голема важност е да обезбедиме за идните генерации иднина во која вреди да се живее. Во А1 сме свесни за оваа одговорност и ја сфаќаме многу сериозно. Со Рафаела Ортнер одржливоста во А1 Групацијата доби нова насока од октомври 2020 година. Со јасна мисија и многу мотивација, таа е одговорна за спроведување на целите на ESG. Во оваа А1 приказна прочитајте повеќе за Рафаела и дознајте зошто А1 се фокусира на животната средина, општеството и корпоративното управување.

Ние сме иновативна технолошка компанија и амбиција ни е да бидеме меѓу најдобрите, што е точно и во областа на одржливоста. Доброто е, што останува на нас да ги спроведеме потребните промени – од #EmpoweringDigitalLife до зајакнување на одржлива иднина. Оваа тема е разработувана во неколку компании на А1 Групацијата, различен временски период и на различни начини. Затоа, сега поставуваме заеднички цели на групациско ниво за периодот до 2030 година, што ќе придонесе за поддршка на глобалните климатски цели на сертифициран начин. Со трите насоки на ESG ја покриваме нашата заложба за одржлива, подобра, позелена и поразновидна иднина.

Од октомври 2020 година, Рафаела е шеф на ESG во А1 Групацијата. Заедно со нејзиниот тим, таа е одговорна за спроведување на нашите амбициозни цели, како што се нула емисија на јаглерод до 2030 година, да научиме 100.000 луѓе како безбедно да го користат интернетот или да внесеме поголема разновидност во нашата компанија. Во интервјуто подолу, ќе ја запознаете Рафаела малку подобро и ќе дознаете што е потребно за да имате страст кон одржливоста.

Вие сте раководител на ESG во А1 Групацијата од почетокот на октомври. Што ве мотивира и кои се вашите цели?

Дефинитивно сум амбициозна личност и преку мојата работа сакам да придонесам во мојата улога како раководител на ESG. Мојата цел е еден ден, ESG да биде во темелите на организацијата и да се зема во предвид при нашето секојдневно работење. На пример, кога јадеме, свесни сме за количината калории што ги консумираме. Би било одлично ако еден ден сме на ист начин свесни за емисијата на јаглерод и да го земеме во предвид кога носиме одлуки.

На кој начин ќе го промовирате ESG во А1 на одржлив начин?

Веќе имам работено на различни позиции во оваа област – од лобирање до јавна служба и други компании во приватниот сектор. Имам соодветно образование во управување со животната средина и екотоксикологијата, каде што, на пример, истражував и експериментирав со токсичноста на супстанциите во лабораторија. Сепак, моето искуство како извршен асистент во А1 ми помага во иста мера, што ми овозможи многу добро да ја запознаам компанијата и ми помогна успешно да ја спроведувам ESG стратегијата.


»ESG е многу повеќе од „само“ избегнување јаглерод диоксид.«


Како изгледа совршениот свет на А1 денес во 2030 година?

ESG е многу повеќе од „само“ избегнување јаглерод диоксид. Станува збор и за нашиот социјален развој и, на пример, животната разновидност во сите свои аспекти во А1. Во совршен свет во 2030 година, за мене нема да има потреба од наши иницијативи за промовирање на жените, бидејќи еднаквоста е секојдневие.

Што сакаше да станеш како дете?

Отсекогаш сакав да јадам слатки работи и сакав да работам во позната компанија производител на чоколадо за да можам да јадам чоколадо полно работно време ;)

Која супер-моќ би сакала да ја имаш?

Би сакала да можам да лекувам болести. Да се биде здрав е една од најважните работи што ја цените кога ја немате и тогаш често, веќе е доцна.

Зошто одржливоста е важна за вас лично?

Свесна сум дека имам среќа што сум родена во Виена и дека пораснав во добра, стабилна средина. Сакам да патувам, живеев во многу други земји и искусив како се чувствуваат повеќето луѓе. Во оваа смисла, би сакала да возвратам нешто. Во однос на животната средина, би сакала да бидам сигурна дека идните генерации сè уште можат да ги доживеат убавите страни на природата како што ја познаваме денес.

Приватно, каде се фокусирате на одржлив начин на живот?

Купувам скоро исклучиво органски производи, сега тоа е многу лесно кога станува збор за храна, но за жал кога се работи за облека тоа е сè уште специфичен пазар. Со предмети како мебелот на мојата тераса се обидувам да рециклирам, да им дадам нов живот на старите предмети, што ми е исто така еден вид хоби.


»Навистина немам мото, но сум многу позитивна личност и се обидувам да ја гледам светлата страна на животот.«


Зошто одржливоста не е само „тренди“?

Луѓето од мојата генерација дефинитивно разбраа дека бесконечен раст и потрошувачка едноставно не се можни и ни штети ако ги потрошиме ограничените ресурси и имаме нивен недостиг. Така што, тоа е иднината – нашата иднина!

Вака нашиот извршен директор на А1 Групацијата, Томас Арнолднер, објаснува зошто одржливоста и А1 одат толку добро заедно.

Бидете во тек – во следната А1 приказна ги гледаме нашите земји од А1 Групацијата и ви ги претставуваме нивните активности за одржливост.