Социјалната одговорност е вградена во корените на деловното работење низ сите А1 земји. Нашите цели за ЕСГ ја одразуваат нашата одговорност во областите: environmental, social and governance. Ајде да го ставиме „Е“ во центарот на вниманието на оваа А1 приказна. А1 Групацијата постави еколошка цел, да промовира кружна економија до 2030 година и да рециклира 50.000 стари уреди годишно.
Ајде да го разгледаме А1 во Словенија и она што веќе го правиме за да придонесеме за постигнување на нашата еколошка цел.
Веќе неколку години, внатрешниот Еко тим на Словенија и групата ЕSG спроведуваат идеи и иницијативи за тоа како да ги направиме нашите процеси и работни места позелени, со што се намалува и влијанието врз животната средина. Ние се стремиме да го постигнеме ова со намалување на јаглеродниот отпечаток, намалување на потрошувачката на гориво и емисија на гасови со употреба на хибридни возила, зголемување на енергетската ефикасност во нашите фиксни и мобилни мрежи со користење на енергетски поефикасна опрема и уреди, преку нашата зелена работна средина, со поддршка на операции без хартија, пиење вода од чешма и рециклирање. Покрај тоа, беше создаден посебен простор на покривот за пчели во нашето седиште во Љубљана. Пчелите наскоро станаа дел од нашето А1 семејство. Тие играат голема улога во нашиот екосистем, и ние се обврзавме да продолжиме да бараме можности за понатамошен развој на нашите односи со нив. Ние се стремиме да оставиме мали, но значајни отпечатоци.
Свесни сме дека постојат многу можности за подобрување и нашите цели за ESG дополнително ги проширија нашите напори во намалувањето на влијанието врз животната средина. Нашата основна дејност е поврзувањето. Мобилните телефони станаа неопходен објект што ја олеснува комуникацијата за секого. Повеќе од 700.000 наши клиенти користат барем еден мобилен телефон. Што се случува кога ќе престанат да го користат?
Дали знаевте дека 80% од телефонот може да се рециклира?
А сепак, глобално само 10% се всушност рециклирани. И имајте на ум дека само еден (1) неправилно рециклиран телефон може да загади 132.000 литри вода?
Циркуларната економија е поле каде што секој од нас може да остави траги со својата одговорност. Оваа година ние дополнително го проширивме нашиот потфат за собирање телефони што не се користат на продажните места и меѓу вработените. Ја подигнуваме свеста кај вработените, корисниците и јавноста за важноста на правилно отстранување на телефоните што не се користат. Нашиот колега Денис Обровник, кој донесе 22 телефони во изминатиот месец, рече:
»Свесен сум дека ја имаме само оваа една планета.
Важмо е да се осигураме дека ќе ја оставиме за нашите деца и идните генерации исто како што би сакале да јо најдеме. Најмалку што можам да направам е да бидам одговорен, а исто така да ги поканам моите родители, пријатели и познаници да постапуваат одговорно.«
Подигнувањето на свеста за важноста од намалувањето на загадувањето со уреди е од суштинско значење во овие времиња на брз индустриски развој; сепак, тоа не е доволно. Затоа А1 Словенија одлучи да направи чекор понатаму. Во нашиот асортиман беа додадени три обновени модели на мобилни телефони, телефони кои не завршија во ѓубре, туку добија нов живот. Со купување на рециклиран телефон, корисниците придонесуваат за намалување на емисијата на СО2 во животната средина. Нашата колешка Маја Кравања е воодушевена од идејата и верува дека …