Изразите присуство на жени и симболично поставени жени на работното место звучат здодевно и неоодветно. Сепак, за да се изнајде урамнотеженост кога станува збор за родот, променливите вредности од равенката мора да бидат доследни. Затоа, ние сѐ уште се стремиме да ги направиме жените повидливи и да осигураме разновидност во рамки на нашата Компанија.

На 8-ми март го одбележуваме Меѓународниот ден на жената, истакнувајќи дека во светот во кој живееме денес сѐ уште не е постои родова урамнотеженост. Оваа година Ве покануваме сите да дадете придонес со поставување прашања и осврнување на предрасудите поврзани со родот и да бараме достигнувања на жените (а зошто да не бараме и групи коишто се сметаат како малцинство?!) и да ги славиме, накратко: да направиме светот да стане едно поприфатливо и разновидно место.

Во А1 Групацијата исто така се стремиме за разновиден А1 Тим и да ги утврдиме нашите одржливи ESG таргети за зголемување на уделот на жени поставени на раководни позиции до 40 % до 2023 година и да го одржуваме севкупниот удел на жените на 40 %. Во некои земји коишто се дел од А1 Групацијата, како што се Бугарија, Словенија или Република Србија, „жените“ воопшто не претставуваат проблем затоа што таму веќе постои родова еднаквост. Во други земји пак, фокусот е насочен на поголема разновидност. Токму вака изгледаат внатрешните активности:

Разновидност @ А1 Австрија

Талентот не зависи од родот, секој од нас е различен. Оваа порака за урамнотеженост всушност се однесува на урамнотеженоста со нашиот Главен финансиски директор Соња Валнер, со што се прави реформулирање на равенката: поголема разновидност + поголема креативност + експертиза за изнаоѓање решенија = подобри корпоративни резултати. Многубројните активности за промоција на жените ни помогнаа да ја постигнеме оваа урамнотеженост, за која неодамна бевме почестени со печатот equalitA од Федералното Министерство на Австрија за дигитални и економски работи.

Нам не ни е важно само внатрешно да ги спроведеме целните мерки за промоција на жените; ние исто така ги прошируваме и нашите хоризонти и неодамна обезбедивме финансиска поддршка од 6.000 евра за активностите на невладината организација „Frauen beraten Frauen“ (жени советуваат жени).

А1 Жени @ А1 Белорусија

Во Белорусија, А1 воведува новина со поврзување на државниот празник во чест на Бранителите на татковината со Меѓународниот ден на жената, со што Денот на А1 Жени се слави две недели. На специјално изработениот микро сајт има интересна и разновидна програма за сите, независно од родот. И истата се исплатеше: со онлајн патување низ земјите на А1 Групацијата, разни веб-разговори на теми што се однесуваат на животниот стил, креативни работилници, квизови, концерти во живо и, се разбира, внатрешни поздрави, виртуелната забава беше голем успех за сите.

 

Поздрави @ А1

Во Северна Македонија Денот на жената е можност да се испробаат нови нешта. Нашите колешки беа првите што ја добија новата алатка за продажна сила придружена со честитка.


Од нас зависи дали ќе го направиме светот подобро место со секој изминат ден, поразнобоен, поразновиден и дали ќе ги претвориме предизвиците во можности.


Што Вие би сакале да промените?

Зошто да не започнеме со една убава порака наменета за личност која не инспирира?

ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА.