Пристапот до интернет ни отвора врата кон еден свет на безброј можности: онлајн купување, разговарање со пријателите, учење нови работи. ТАГ ги поддржува сите овие опции преку обезбедување на сеопфатен широкопојасен интернет. Покрај тоа, ние сакаме да бидеме сигурни дека и помладите и постарите генерации ќе научат да го користат соодветно и ефикасно.
Големиот Спајдермен еднаш изјави: “Со големата моќ доаѓа голема одговорност” ;-) Според тоа, преземањето одговорност е приоритет за сите нас во ТАГ. Ние сме голема корпорација и ја прифаќаме нашата должност да обезбедиме сеопфатен интернет за сите, но, исто така да ги направиме дигиталните медиуми полесни за разбирање и употреба.
Иницијативата “Интернет за сите” во рамките на А1, започна во 2011 година. Нејзината цел: безбедно и компетентно користење на дигиталните медиуми, особено за лицата кои немаат лесен пристап до интернет. Како резултат на доброто функционирање во Австрија, ние сега ја прошируваме оваа иницијатива така што ќе ги вклучува сите земји на ТАГ. #synergyuse
Со цел да стигне до целните групи на најефикасниот начин, Австрија има свој кампус “Интернет за сите” на три локации, а организира и месечни тури. Во Македонија, “Вип Караван” ќе патува низ земјата и ќе ги запознава и учи постарите граѓани за глобалната мрежа. Националните и интернационалните партнерства исто така ја поддржуваат нашата цел: Мтел во Бугарија на пример, во соработка со локалните организации, нуди курсеви и семинари за настаните, саеми и фестивали. Вип мобиле во Србија се вклучи во популарниот проект “Борба за знаење”, со помош на кој децата на школска возраст и тинејџерите се запознаваат со основите на програмирањето, електрониката и роботиката. Випнет во Хрватска има своја однапред инсталирана мобилна апликација за децата и нивните родители во согласност со “Програмата за побезбеден интернет” на ЕУ. Нашите колеги од Словенија имаат свој штанд со SOS телефонска говорница во рамките на една изложба за постари лица, каде што тие го споделуваат нивното знаење преку лични разговори.
Во рамките на последниот проект на велком “паметни деца” во Белорусија, вработените ги запознаваат децата со безбедната употреба на паметните телефони, а исто така ги објаснуваат и основите на телекомуникациите и како да се користат апликациите соодветно. Од причина што децата често можат да ни го објаснат светот подобро отколку ние што можеме да им го објасниме, сега ќе им го отстапиме микрофонот на првата група паметни деца: