Семејствата, без разлика на која група ќе помислите, се срцето на општеството во секој поглед. Секоја година на 15-ти мај се одржува Меѓународниот ден на семејството како Ден на сеќавање на Обединетите нации. Целта е да се потсетиме на важноста на семејствата и да бидеме свесни за поддршката од семејството. А1 како компанија е свесна за влијанието врз балансот помеѓу работата и семејството, па, затоа овозможува разновидни иницијативи дизајнирани за (станување) родители и семејства. Слушнете ги нашите колеги како ги претставуваат нивните омилени иницијативи.

Со повеќе од 19,000 луѓе, Тимот на А1 има исто толку семејства во заднина. Потребите да се избалансира приватниот и деловниот живот се различни низ различни периоди во животот, па така, иницијативите, програмите и опциите кои А1 ги овозможува како поддршка на вработените се разновидни. Многу компании нудат повремена или дневна грижа за деца, флексибилно работно време за време на бременост или по враќање на работа, посебни обуки и упатства за справување со предизвикувачки ситуации, како што е школувањето дома за време на корона, или грижа за родители, или дури и можност за периодично отсуство.


»Не е тајна дека добриот баланс меѓу работата и семејството е клучен за поголем ангажман на вработените и за среќа на работното место, поголема продуктивност, одлични резултати и поголемо задоволство.«


Некои од нашите пазари, како што се Словенија и Србија, беа наградени како „Family friendly“ меѓу првите компании во своите земји, а А1 Македонија и А1 Хрватска имаат добиено MAMFORCE сертификат за извонредност за олеснување на балансот помеѓу работата и семејството.

Придружете се на лично патување и запознајте ги Саша, Наташа, Јохана, Богдан, Сибина и Давор, кои ни раскажуваат за неколку семејни иницијативи и зошто се тие важни за нив.

Вработените во А1 Словенија, меѓу другите придобивки, имаат можност за 5 дена годишно дополнително платено отсуство за важни лични причини. Наташа Пилипович, Стручно лице за набавки, ги објаснува предностите во нејзината ситуација:

»Благодарна сум што А1 Словенија е мој работодавач кој овозможува флексибилно работно време без оглед на работните договори за време на бременост за да имам редовни прегледи кај мојот доктор. Така можам да ги искомбинирам и моите работни должности и одговорностите кон моето бебе. Исто така можноста три месеци по породилното отсуство да бирам утрински смени или да работам само по 4 часа дневно, а да ми е исплатена цела плата, ми дава самодоверба за одличен почеток кога ќе се вратам на работа.«

А1 Бугарија исто така има огромен спектар иницијативи. Покрај популарните семејни настани во природа и програмата за грижа за здравјето, пред 12 години започна со сопствена градинка „Funkey Monkey“ со цел да ги исполни високите очекувања на родителите. Отприлика 70 деца ја посетуваат градинката лоцирана во кампусот на седиштето, па така на родителите им заштедува време потрошено на патување со тоа што ги оставаат малите деца на само неколку метри од работното место. Оваа придобивка има за цел да им помогне на оние колеги кои се враќаат на работа пред крајот на породилното или татковското отсуство. Негувателките во градинката ја имаат добиено довербата од родителите, како Богдан Чуков, Експерт за тестирање и поддршка на постпродажни услуги, кој со задоволство го споделува своето искуство:

»Сега за време на режимот на ограничено движење кога денот го поминувам со синот, ги разбирам нештата кои веќе ги знае и прави. Навистина сум восхитен од неговото познавање на англиски јазик – навистина јасно и точно ги употребува зборовите. А во ретките случаи кога мораме да излеземе, гледам колку социјални вештини има стекнато. Во голема мера овој напредок и видливите резултати ги придавам на негувателките во „Funky Monkey“. Навистина се надевам дека наскоро нештата повторно ќе станат нормални и тој повторно ќе ја посетува градинката.«

Во јануари 2020 година А1 Македонија компанија ја воведе програмата „Летечки дадилки“. Повеќе од 100 деца од А1 на возраст од 6 – 14 години имаа шанса да го поминат слободното време учејќи нови вештини една недела за време на зимските празници во седиштето на А1 со обучени наставници. Двете деца на Сибина Прокоповска, Експерт во одделот за набавки, ги посетуваа програмите и таа има само пофални зборови за иницијативата:

»Многу сум среќна што и двете деца ги вклучив во овој навистина воодушевувачки проект. И двете деца беа дел од него, во градинката и во дигиталната академија. Како родител, сакам да видам дека се безбедни и дека продуктивно го поминуваат времето. Тие учествуваа во активностите и игрите, се дружеа, научија како да работат тимски и стекнаа нови вештини кои ќе ги користат во текот на целиот живот.«

Имајќи идеја дека работното место може да биде втор дом, Vip mobile исто така разви култура на отворена компанија како поддршка на работата и личните ситуации. Една од придобивките е 5 дополнителни дена платено отсуство за раѓање на дете за татковците од Vip, покрај 5-те дена кои им следуваат со закон. Нашиот колега Саша Милошев, Тим менаџер за ИТ сметководство и наплата, објаснува колку ова му било нему важно.

„Денот кога малата Ленка се роди и кога станав татко ми го смени животот. Родителството е потполно нова улога во мојот живот која ми носи многу задоволства, но и нови обврски и дури тогаш сфатив колку е важен секој миг поминат со семејството. А и навистина поминавме неверојатни моменти заедно за време на тие 5 дополнителни дена платено отсуство за татковци од Vip, што е една од прекрасните Иницијативи погодни за семејството кои ги овозможи Vip за своите вработени.“

Програмата „родителско отсуство во A1“ во А1 Австрија воспостави доброволен пакет дизајниран за родители кои се враќаат на работа. Една од иницијативите е т.н. Семинар „Семејно платно“. Досега беше одржан три пати и опфаќа теми поврзани со саморефлексија и фокус на индивидуалните силни страни. Јохана Виенер, Експерт за учење и развој, учествуваше на овој семинар.

»Успешното враќање на работа по родителското отсуство не треба да биде случајно, па оттаму овој курс беше идеална подготовка за мене. Станав свесна дека променетите приоритети во животот и успешната кариера не треба меѓусебно да се исклучуваат и можев да создадам план со активности како поддршка на мојот премин од родителско отсуство кон работа.«

А1 Хрватска со години е еден од најпосакуваните работодавачи во Хрватска благодарение на постојаните обиди да развијат придобивки и иницијативи за своите вработени, како што е програмата Флексерика која им овозможува флексибилна локација и време на работење. Друга популарна придобивка е градинката за децата на вработените вклучена во комплексот канцеларии на компанијата. Од своите почетоци пред десет години, повеќе од 400 деца на вработените ја посетија оваа градинка. Вработените ја препознаваат придобивката од тоа да можат да ги видат своите деца додека работат и да ги организираат своите животи. А тоа го прави и Давор Келекович, Тим лидер за деловна поддршка на клиенти:

»Вообичаено уживам во квалитетно поминатото време со син ми наутро кога го носам во градинка и секако, кога се враќаме заедно дома. И двајцата се радуваме на повторното отворање по ситуацијата со корона, кога мојот син ќе може да си ги види другарчињата. Во меѓувреме користиме дигитални канали и видео повици за да се дружиме со нив.«