Клаудиа Блуст-Сиедер и Ѓорѓе Јовичиќ имаат неколку заеднички работи. И двајцата работат во А1 скоро 20 години, љубопитни се и имаа повеќе застанувања на нивниот професионален пат во А1. Нашите искусни колеги неодамна ја искористија можноста и учествуваа во двомесечен проект во нашиот A1 Start Up Campus во Виена, каде се здобија со Start Up искуство од прва рака *, додека работеа за двa стартапи. Во ова интервју, тие ќе го споделат своето искуство , тоа што го научиле и што ги мотивирало да испробаат нешто ново.

Claudia Blust-Sieder

Што ве мотивираше да учествувате во овој проект?

Клаудиа: Сакав да знам како работат стартап компаниите, какви проблеми решаваат и кои разлики и сличности има, во споредба со една голема компанија како А1. Освен тоа, јас бев заинтересирана да имам опиплив резултат во одредено време.

Ѓорѓе: Стартапите се синоним за брзи и современи начини на работа. Сакав да се инспирирам од нив и да видам дали и како можеме да ги примениме тие методи на работа во нашиот тим.

Djordje Jovicic

Колку е важно учењето и професионалниот развој за вас?

Ѓорѓе: За мене е многу важно. Ги искористувам можностите со кои се среќавам и постојано барам можности за учење. Покрај работата, изминативе 5 години сум дел од магистерска програма од која наскоро ќе добијам диплома. :-)

Клаудиа: Јас сум поттикната од љубопитност и имам интерес за многу теми. Сè е корисно порано или подоцна.


Професионален развој во А1: вклучете се, преземете иницијатива и не се откажувајте!


Кои се вашите искуства од Start Up компаниите, лично и професионално?

Клаудиа: Слушајте внимателно какви се барањата, предизвикувајте ги процесите и постепено подобрувајте ги. Лично, уживав да запознавам нови луѓе.

Ѓорѓе: Додека работев во Meet Fox како развивач на деловна активност, ги реализирав моќта и предностите на силниот бренд како А1 кога се во контакт со клиентот. Никогаш не помислив дека ќе го кажам ова, но: процесите и структурите не се лоши :-)


Беше возбудливо да се добие увид во start-up секторот.


Кои ваши вештини ви беа од корист?

Ѓорѓе: Јас би можел да профитирам од моето искуство во развој на бизнисот (во потрага по нови партнерства), како и во продажба и управување со производи до одреден степен.

Клаудиа: Можев да ги применам моите способности за анализа и планирање на процеси, како и моето знаење за структурата на трошоците и анализата на профитабилноста во Parkbob.

Дали би го сторил тоа повторно? Под различни услови?

Ѓорѓе и Клаудиа: Дефинитивно. Период на загревање во почетокот би бил одличен.

Каков било совет до тимот на А1, за оние кои сакаат да ја засилат својата кариера?

Клаудиа и Ѓорѓе: Останете љубопитни! Погледнете наоколу во групата А1. Има толку многу различни интересни оддели во рамките на А1. Променете ги работните места активно во целата компанија, не само хиерархиски, туку и вертикално – тематски засновани. Бидете отворени за нови полиња. Секоја нова област е важно ново искуство – лично и професионално! #MakeItHappen

“* The “Start Up Experience” беше проба во Австрија, кое на 2 искусни експерти од А1 во областа на финансиите и развој на бизнисот им даде можности да бидат дел и поддршка на две стартап компании во A1 Start Up Campus во период од 2 месеци.

A1 Start Up Campus

Инфобокс: Од 2015 година, А1 Австрија ги поддржува младите претприемачи во нивниот развој на деловни модели. А1 обезбедува отворен простор и продукти, но и стручни совети од експерти на А1 и поддршка во ПР. Во случај на стратешко вклопување, старт-ап компаниите може да ги користат каналите за дистрибуција на А1. До сега, создадени се 170 работни места во 15 старт-ап членки.

(c) Philipp Lipiarski

За Ѓорѓе и Клаудиа

Ѓорѓе е дел од А1 тимот од 2002 година. Тој започна во ИТ ЦРМ во Mobilkom Австрија, се префрли на деловна продажба во 2006 година, во Бизнис Маркетинг во 2012 година и сега работи со управување со производи во трговија на големо од април 2016 година Клаудиа започна во 2001 година како проект менаџер за финансии. Ова беше проследено со разни застанувања низ деловните решенија и бизнис единици за корисници.