Во рамки на Single Core Stack Network проектот, велцом беше првиот мобилен оператор кој лансираше комерцијална функционалност на виртуелно јадро на мобилната мрежа во целост. Сега целата база на претплатници на велцом функционира со хардверот обезбеден од еден добавувач. Сите мрежни елементи се базираат врз основа на виртуелизирани услуги на една компанија – ZTE.
Проектот за мрежата која има едно виртуелно јадро беше имплементиран во рамките на 9 месеци во соработка со тимот на ZTE. Со цел да се имплементира овој проект, беше реконструирана архитектурата на основната мрежа, додека основните компоненти на јадрото беа пренесени во нова cloud платформа со користење на NFV (Виртуелизација на мрежни функции) технологија.
Колегите од компанијата ZTE беа активно вклучени во текот на целиот период на имплементирање на проектот (планирање, дизајн, тестирање). Покрај тоа, како дел од своите одговорности, ZTE ги решава сите прашања во врска со поддршката на главните функции на мрежата.
Повеќемесечната соработка на кинеските претставници на ZTE во Белорусија и нивната соработка со вработените во велцом имаше силно влијание врз нив. Погледнете го видеото кое беше снимено еден час пред кинеските експерти да ја напуштат Белорусија и какви се нивните впечатоци за велцом и воопшто за земјата!