Речникот на Кембриџ го дефинира “потенцијалот” како нечија способност да се развие, постигне или да успее. Имајќи го ова во предвид, во 2011 година А1 Групацијата ја воведе програмата наречена “Група за млади потенцијали” (GYPP), која се движи кон развој на дигитални амбасадори со силен фокус кон корисниците. Процесот на аплицирање и поставувањето на програмата постојано се усовршува кон сегашните деловни потреби, како што е неодамнешното развивање кон самостојно патување. Прочитајте и дознајте што младиот потенцијал Нада искуси изминативе неколку месеци.

Очекувањата за кандидатите се екстремно високи. Главниот извршен директор на A1 Групацијата- Томас Арнолднер во 2018 присуствуваше на финалните презентации на младите потенцијали и истакна дека треба напорно да работат за да имаат улога на модели во областа на учењето во нашата компанија, да докажат желба за промена и да не ги спречуваат своите колеги да учат. Какво всушност е чувството да се биде млад талент? Како да балансирате помеѓу дадената можност да учиш и очекувањата од тебе? Кои се личните перспективи за време на ова едукативно патување и кои се најважните? Нада Стегњаиќ, експерт за корпоративни комуникации во А1 Словенија, учесник во Програмата за млади потенцијали 2018, ги сподели своите впечатоци со нас. Следете ја на оваа едукативно патување.

Многу лица и една цел

Кога сте наградени со титулата “млади таленти”, почнувате да размислувате како најдобро да ја оправдате оваа нова улога. Нашата компанија и А1 Групацијата видоа дека имаме потенцијал да бидеме дигитални амбасадори отворени за нови идеи и предизвици. Уште повеќе – тие нè гледаа како луѓе со силен фокус на иднината. И тие не направија грешка во врска со тоа. Наскоро стана јасно дека не бевме оптоварени со старомодни начини за решавање на проблемите, застарените идеи и предрасуди. Овој проект го започнавме со огромна мотивација, сигурно би можеле да го решиме. И ние дадовме се од себе!

GYPP нуди
– пристап до знаење и луѓе од различни области, хиерархиски нивоа и држави
– можност за проширување на хоризонтите и различен поглед на Телко индустрија
– иновативни проекти каде што можете да пробате нешто ново со фокус на корисниците
Учесниците во GYPP се очекува да бидат дигитални амбасадори кои ги прават работите возможни
– создадете ја промената
– преземете одговорност
– донесете одлуки и идеи
– развој на А1 Групацијата како организација за учење

Нашето едукативно патување започна пред околу 200 дена кога ги запознавме колегите од други земји, избравме проект, формиравме тимови и почнавме да се запознаваме со различни сфери кои ни беа релативно непознати. Современите зборови како вештачка интелигенција, обука за машини и големи податоци беа на сите страни, а нашата прва задача беше да се запознаеме со нивното значење. Беше важно да се истражи една област за да се разбере нејзината важност за компанијата и што може да донесе во иднина. Се предизвикав себе си и се придружив на проектот за сервис за паметен јазик, иако во почетокот ми беше апсолутно непознат. Како би можела јас, експерт за интерни комуникација, да придонесам во релативно технички ориентиран проект за анализа на чувства и прототипи. Дозволив да бидам изненадена. Наскоро дознав дека нашите различни вештини се главното средство кое нè поттикнува напред. Сите членови во овој проект се специјалисти во различни области, имаат различна професионална позадина, различни вештини, искуство и култура. Нашиот пристап кон различните предизвици и нашиот начин на размислување беше исклучително разновиден и без предрасуди, што доведе до иновативни идеи и решенија. Разновидноста нè поттикна да излеземе од нашиот вообичаен начин на размислување и да пробаме различни пристапи кон дадените задачи.

Како дел од програмата за млади потенцијали, имав можност да се фокусирам на моето индивидуално едукативно патување, можев да одам на размена, да истражам и да ги откријам најдобрите практики од моето поле.

Гимнастика за умот преку нови искуства

Размена – За една недела, сменив различни временски зони и работев со моите колеги во Минск кои користеа руски и англиски јазик за да ми го претстават Одделот за интерни комуникации, добрите работни практики и целокупната корпоративна клима. Освен тоа, научив дека читањето на кириличното писмо за да нарачате ручек може да ги зајакне вашите когнитивни вештини. :)

Nada Stegnjaić
Corporate communication
Expert, A1 Slovenia

Откријте ја вашата сила и талент – Запознајте се

За да станам добар тимски играч, за мене беше важно да разберам какова е комбинацијата на талент и сила, што ги истакнува моите силни страни, како и знаењата и способности што ги имам. За голем дел од нив не бев свесна. Резултатите од тестовите Gallup и Wing Finder ми помогнаа да ги откријам, развијам и засилам моите таленти, кои ми помагаат во исполнување на секојдневните задачи на полесен, креативен и посветен начин. Фактот дека научив многу за моето однесување, зошто ги правам работите на начин на кој ги правам и за различни таленти на луѓето со кои работев, само ми помогна да ја зајакнам работата со мојот тим и ми помогна во личниот развој.

За вас тие се млади потенцијали, за мене пријатели

Последно, но не помалку важно, создавањето на можности за меѓународна соработка и размена на идеи ги проширува нашите перспективи и ја открива вистинската вредност на учењето. Кога седите во соба со 20 млади таленти, се соочувате со различни предизвици, ги откривате границите на вашите способности и имате слобода на креативност – ова е несомнено најдобриот начин за учење. Многу сум среќна што имав можност да се запознаам со интересни, ветувачки и креативни луѓе кои не се плашат да се фокусираат на остварување големи цели.

Мојот совет, ако ви е воопшто важен – да не се плашите од предизвиците – дури и спротивно, тестирајте ги своите граници. Исто така, искористете ги можностите кои ви се дадени. Во меѓувреме, веќе гледам интересни идеи за нови приказни.