Музиката е важен дел од нашиот секојдневен живот. Може да активира сеќавања – добри и лоши – и веднаш да го промени нашето расположение. Има добра причина зошто продавниците користат листи за репродукција на музика за забава на купувачите  – музиката е моќна алатка и може потсвесно да ги насочи нашите емоции. Кога станува збор за музика, најдобро е да се разговара со диџеите.

Анита Декањ и Xueping Wang не се само колеги од ТАГ, туку тие имаат и исто хоби – и двајцата се диџеи. #weloveourcolleagues

Анита е вработена како Оперативен експерт за резиденцијална администрација, активација и MNP тим. Таа е вработена во Вип Србија од 2012 година.

Кажете ни како станавте диџеј?

Мојот пријател е организатор на забави и диџеј. Една вечер бев на негова забава и тој ме праша дали би сакалa да научам да бидам диџеј. Одговорив да, бидејќи ја сакам музиката и ноќниот живот. Сега работиме заедно како тим.

Од кога работата како диџеј е дел од Вашиот живот?

Јас бев диџеј на забавите на моите пријатели целиот мој живот. Прво, играњето со програми за миксување беше само игра, сега тоа е работа која ме прави среќна.

Музиката е…?

Сѐ. Музиката ме релаксира, ме прави среќна. Не можам да си замислам свет без музика. Музиката прави мојата имагинација да расте и ми дава моќ. Слушалките се неопходен додаток каде и да одам :)

Каква е поврзаноста помеѓу работата во ТАГ и работата како диџеј?

Дали постои меѓусебно надополнување помеѓу овие две работи? Како? Оваа работа е мојата прва сериозна работа. Започнав да работам тука на 22-годишна возраст. Можам да кажам дека работењето во ТАГ ми даде самодоверба и некако ми ги отвори очите. Направи да верувам во себеси. Затоа сега, кога стојам на бина пред 1200 луѓе, тоа за мене не е голема работа. Повеќе не се плашам.

Најзначајното искуство во Вашиот “живот како диџеј”?

Имав многу прекрасни искуства, но ако треба да изберам едно, тоа дефинитивно е кога бев облечена како Џокер од „Самоубиствен одред“ на една забава за Ноќта на вештерките. Мојата шминка беше од Драган Вурдеља, најдобриот мејкап артист во Србија.

Омилена песна …?

… на пат кон работа:
BANKS – Brain
… кога сум “гладна и гневна”:
DIE ANTWOORD – BANANA BRAIN
… кога ми е потребна мотивација:
Madonna – Nothing Really Matters
… кога предвреме ќе завршам некоја задача:
The Weekend – Starboy
… кога ќе успеам да се напијам кафе наутро:
Heads Will Roll (A-Trak Remix) – Yeah Yeah Yeahs
… кога ќе откријам нова статија на A1 Stories:
Pharrell Williams – Happy
… кога треба да работам прекувремено:
Rihanna & Drake Vs MaryJBlige Vs Dillon Francis & Dj Snake – Work
.. пред да заспијам:
Bonobo – The Keeper (ft. Andreya Triana) – Banks Remix

 

Xueping, исто така позната и како Pinie, е одговорна за мобилното партнерство со меѓународните оператори со мобилна мрежа, оператори со виртуелна мобилна мрежа и старт-ап компании во азиско-пацифичкиот регион, а од неодамна и исто така и за Давателите на услуги за поврзување на патниците во авионите и бродовите. Таа работи во А1 (преку програмата A1 Top Talent Program) уште од 2013 година.

Кажете ни како станавте диџеј?

Едноставно влегов во продавница за диџеј опрема и побарав некој почетнички уред, а потоа бев упорна кај диџеј букерите и сопствениците на клубови. Потребно е да знаете како да се промовирате себеси преку социјалните медиуми. Чекор по чекор, научив да ракувам со професионална диџеј опрема и да организирам свои забави. Откако работам во А1, мојот живот како диџеј е поедноставен и сега сум резидент диџеј во Fabios и Motto.

Од кога работата како диџеј е дел од Вашиот живот?

Почнав во 2007 година и сè уште не сум застанала.

Музиката е…?

Музиката значи бегство, одвлекување на вниманието, помош за ослободување од негативни мисли, комуникација, заведување, задоволство – преку неа можат да се изразат емоции и чувства кои зборовите не можат да ги искажат.

Каква е поврзаноста помеѓу работата во ТАГ и работата како диџеј?

Дали постои меѓусебно надополнување помеѓу овие две работи? Како? Поврзаноста помеѓу работата во ТАГ и работата како диџеј е да се врши одредена должност. Јас тоа го правам и со конективноста и со музиката. Можам да бидам креативна и со двете задачи: да креирам решенија за деловните партнери и музички концепти за сопственици на ресторани и продавници. Покрај тоа, пуштам гласна музика во јавност за време на викендите и играм на истата – навистина е забавно и преставува добар баланс за работата во канцеларија во текот на неделата.

Најзначајното искуство во Вашиот “живот како диџеј”?

Уживам во секој диџеј настап. Без разлика дали се работи за фестивалот Frequency или Donauinsel, или на отворањата на продавниците на H&M или Swarovski, во Пекинг или Амстердам. Уживам во музиката, луѓето и различните атмосфери. Секое искуство е уникатно и неспоредливо.

Омилена песна…?

… на пат кон работа:
Tennishero ft Chelonis R Jones – Alone
… кога сум “гладна и гневна”:
Relation – Your Tiny Mind (Lifelike Remix)
… кога ми е потребна мотивација:
Todd Terje – Inspector Norse
… кога предвреме ќе завршам некоја задача:
Disclosure – Latch feat. Sam Smith
… кога нема да испијам кафе наутро:
Robyn – Don’t Fucking Tell Me What To Do
… кога ќе откријам нова статија на A1 Stories:
Telepopmusik – breathe
… кога треба да работам прекувремено:
The xx – On Hold
… пред да заспијам:
Jürgen Paape – so weit wie noch nie