Живеењето во мултикултурно општество е долг едукативен процес. Работењето во средина како оваа носи предизвици, но исто така и придобивки. Заземањето различни пристапи врз основа на културното наследство со цел изнаоѓање нови решенија е нешто што ние во ТАГ веднаш го прифативме.

Проектот OneBSS претставува одличен пример за тоа како ние се справуваме со културните разлики и сличности помеѓу земјите и другите националности во рамките на ТАГ.

Имајќи предвид дека повеќе од 100 луѓе (со 9 различни јазици) работат на проектот, тој во исто време е и студија на случај која претставува пример за тоа какo сите ние можеме да научиме нешто еден од друг.

Подолу ќе видите еден мал интересен факт – без разлика од каде сте – големи се шансите дека Вашиот ден ќе започне со кафе ;-) #weareallthesame #butcoffeefirst

OneBSS во кратки црти …

Треба да имаме современи BSS (Системи за деловна поддршка) и воспоставени транспарентни, заеднички деловни процеси со цел да се зголеми оперативната ефикасност и побрзо да се освои пазарот со идните трендови, нови дигитални услуги, бизнис модели за повеќе страни, производи насочени кон корисникот и персонализирани Omni-channel производи. Овој проект е најголемата дигитална трансформација досега којашто ќе ја обликува иднината на Телеком Австрија Групацијата и ќе ги подигне стандардите на корисниците на глобално ниво.

Новото “нормално”

Тимот на проектот OneBSS се состои од околу 100 лица. Рамката на OneBSS е креирана од страна на локалните OpCo-а и добива силна поддршка од колегите на ТАГ кои се наоѓаат во Виена. Главните спонзори на проектот се Главниот извршен директор на Групацијата и Главните извршни директори на кластерите Србија и Словенија, Хрватска и Македонија. Тимот на проектот се состои од разновидна група од организацијата на Vip mobile како и колегите од Словенија, Хрватска и Македонија, како и надворешни соработници. Првата компанија од каде што потекнува проектот е Vip Mobile во Србија, кој набргу ќе започне во Si.mobile а ќе следуваат one.Vip и Vipnet.

Тимот работи заедно во рамките на земјата, како и во рамките на повеќе култури, и сите негови членови проактивно ја даваат својата стручност и своите ставови. Со разновидност до нови победи!

from the left to the right: Jelena Medojević, Nada Mihovilović, Branislava Gerić-Tarle

Повеќе информации побаравме од Нада Миховиловиќ, проектен менаџер на One.Bss:

На што се однесува One BSS ?

OneBSS е всушност трансформација. Но не само трансформација на системите. Тој ќе го трансформира начинот на работа, ќе ги промени деловните процеси и начинот на кој управуваме со потребите на нашите клиенти. Тој е дел од програмата ‘One 2 Many’ која воведува синергија помеѓу OpCos на повеќе нивоа (BSS, Core Network, SAP…).

Која е намената и целта на проектот?

Со цел да одговори на предизвиците на телекомуникациската индустрија која постојано се менува, ТАГ донесе стратешка одлука да го модернизира и униформира основниот стек за Поддршка на деловни системи во 4 земји. Со промената на CRM, системот за билинг, грижа за корисниците и веб-продавницата со најдоброто решение ќе можеме да дејствуваме брзо и да обезбедуваме услуги од повисок квалитет.

Предизвици на проектот?

Секојдневно се соочуваме со различни прашања на кои треба да се одговори (вообичаено „до вчера“). Некои примери: како да се изнајде простор за 5 тима кои работат истовремено, како да се донесе одлука со различни чинители која ќе ја постави патеката за иден проектен дизајн, како да се изготви буџет за целата година со опсег кој се однесува како подвижна цел…

Кога започна проектот и кога треба да заврши?

Спроведувањето на проектот започна во септември во Србија. Go live за Vip Mobile и Si.mobil е планиран за втората половина од 2018 година, а по неа ќе следуваат Хрватска и Македонија.

Информации за проектниот тим? Колкав е тимот? Кој е во тимот?

Тешко да се каже колкав е тимот, бидејќи тој секојдневно расте. Во моментот имаме вклучено околу 100 членови на тимот од 4 различни земји. Но во даден момент во не толку далечната иднина, ние сите ќе бидеме инволвирани на овој или оној начин.

… Тие сите заедно се мешаат како голтка од првото кафе наутро.

Колку националности работат во One BSS тимот?

Кога наутро ќе дојдам во канцеларија слушам толку многу различни јазици, не можам да ги избројам сите. Српски, словенечки, македонски, хрватски, германски, хинду, шпански, грчки, италијански… Тие сите заедно се мешаат како голтка од првото кафе наутро. Така започнува нашиот работен ден.

Различност @ One BSS тимот значи

Работењето со различни култури ги охрабрува членовите на тимот да бидат најдобрата верзија од себеси. Инспирираните луѓе ги имаат најдобрите идеи. Со овие идеи, ние создаваме извонредни производи.

Зошто ни се потребни професионалци од Индија за One BSS? Во што се состои нивната професија што се однесува до One BSS? Колку долго ќе останат во Србија?

Нашиот иден стек е создаден од еден субјект – Ericsson. Но не станува збор само за plug & play. Треба да ги адаптираме средините на околните системи за сѐ да функционира совршено. Затоа ни е потребна помош со системскиот интегратор и после долг процес на селекција, Wipro беше избран за оваа улога.

Вашите последни мисли за Диверзитетот?

Еднаш ми имаат кажано дека „нашата сила лежи во нашите разлики, а не во нашите сличности“ и јас навистина верувам во тоа. Прекрасно е чувството да се биде дел од нешто толку уникатно.