“Роботите се како наши колеги. Кога станува збор за секојдневни задолженија, тие работат паралелно со нас. Подеднакво придонесуваат за целите на компанијата”. Ви звучи како научна фантастика? Тоа е веќе реалност во А1 Хрватска. Миа Ивезиќ е како мајка на фамилија роботи. Во текстот подолу, таа ни раскажува како роботите станаа дел од нејзиниот живот во А1 Хрватска.

Идејата да се интегрираат роботите во нашата рутина и секојдневна работа, дојде природно во А1 Хрватска. Се започна пред неколку години со голем фокус на дигитализација на нашите компаниски процеси и mind-сетот на нашите колеги, се со цел да се подобри севкупниот перформанс. Robotic process automation (RPA) игра голема улога во елиминирање на човечки грешки, намалено е времето за извршување на обврските и сето тоа придонесува за искуството кое го имаат нашите корисници. Како? Повеќе од 90.000 задачи на одделот за Грижа за корисници беа преземени од роботи само последните 4 месеци. Ова овозможи нашите агенти да инвестираат повеќе време во директен контакт со нашите корисници и во некои покомплексни случаи каде роботите не можеа да помогнат.

Mia Ivezic
Robot Process Automation Expert

Корисникот на прво место

Првиот чекор беше да се изолираат најголемите проблеми во нашите оддели. Одделот каде што имаше најмногу задолженија беше Back office, во Одделот за грижа за корисници, кој има најголем удел во задоволството на корисниците. Следен чекор беше специфицирање на документи за тендер и дефинирање на барањата. Голем дел од овој проект и еден од главните предуслови за успешна RPA имплементација во 8 оддели до сега беше и сеуште е тимската работа


Соработката е клуч за успехот.


Како се започна

Замислите армија роботи што се грижи за активација на кориснички услуги. Тоа е голема одговорност и мора да бидеме сигурни дека сме ги покриле сите можни сценарија и дека не сме оставиле простор за грешки кои би влијаеле лошо врз

Дали нашата иднина се базира на вештачка интелигенција?

Автоматизацијата на роботски процеси е постојан процес на учење за сите нас и сите ние мораме да работиме заедно за да бидеме успешни и да го доведеме секој бизнис во А1 Хрватска и да гледаме на резултатите како заштеда на човечки ресурси. Во А1 Хрватска, нашата роботизирана вештачка интелигенција стана многу популарна и луѓето ги прифатија нашите “нови колеги” како нешто позитивно, а не како нешто заканувачко, токму спротивното. Тие ја ценат количината на повторувачки, здодевни, оддолжувачки, но неизбежни задачи што ги презеле роботите.


»Роботите немаат работни часови поради тоа, го намалуваат времето на активирање кое води кон поголемо задоволство на клиентот. Ова ни дава можност да ги развиеме нашите агенти во различни области.«


Тони Лучиќ, водач на оперативен тим за услуги на клиентите

Јас навистина ги сметам нашите роботи како мои најблиски колеги, бидејќи поминувам толку многу време работејќи заедно со нив следејќи ги нивните перформанси за секој роботизиран процес, осигурувајќи дека тие прават сè според дефинирани сценарија итн. Планираме да го извлечеме максимумот од оваа многу импресивна и неизбежна форма на Дигитална трансформација која ни даде нова форма на живот која го елиминира отпадот од нашите секојдневни работни места.

“Ние сме многу горди на тоа колку далеку роботизираната автоматизација на процесите дојде во А1 Хрватска и ние не планираме да застанеме тука”.