Пристигна денот кога секој може да стане интрапретприемач ;-) Кои се барањата? Инспиративна идеа, тим и апликација.
Светот на технологија напредува побрзо од било кога досега. Стартап бизниси и иновации никнуваат насекаде како печурки. А нашата корпорација сака да го забрза својот раст преку поддршка на некои од овие стартап иницијативи:
Start up Spirit @ A1
(Стартап дух во ТАГ)
Во А1 организираме сопствен Стартап кампус од 2015 година, каде што новите и иновативни компании може да се запознаат со експерти од А1 и да имаат корист од нивниот колективен ноу-хау. Во Софија, Мтел организира хакатон – натпревар во програмирање – со што се предизвикуваат ученици да презентираат иновативно технолошко решение за даден проблем во рок од 24 часа. Тимот кој што ќе ја осмисли најдобрата проектна идеја добива физички буџет за да ја реализира. Оваа година, 300 студенти во 40 тима учествуваа во хакатонот!
Над 60 колеги од велком собраа иновативни идеи на „в-хакатонот“ под мотото „Дигитален живот“. Формирајќи 10 тима, тие развија прототипи за идни веб апликации и услуги во рок од само 48 часа, од кои 4 беа избрани од страна на изборна комисија и веќе се спроведуваат во рамките на компанијата. Голем број од нашите колеги имаат многу позитивни искуства и знаат колку може да биде корисно доколку се седне заедно и се комбинира знаење: еден тим од „в-хакатонот“ 2016 ја зема својата идеа – систем за информации и навигација за лица со инвалидитет – и ја поднесе во интердисциплинарен хакатон во Минск. Тие освоија трето место! Ние, од A1 Stories тимот со огромна возбуда испраќаме најтопли честитки :-)
Приклучете ни се и станете Интрапретприемач!
Нашите секојдневни задачи, листата со задачи кои мора да се завршат како и состаноците од нашите календари понекогаш не спречуваат да можеме да пронајдеме доволно време за да развиеме иновативни идеи. Затоа создадовме програма за „Поттикнување на идеи“: тоа е платформа која ќе ни овозможи да им дадеме на нашите идеи простор и време за да созреат.
Затоа, не трошете време! Станете “Intrapreneur@A1” (Интрапретприемач во ТАГ). Поднесете идеанајдоцна до 4ти јуни заедно со избраниот тим и искористете ја можноста да ја реализирате одделно од Вашата секојдневна работа. Вашиот договор и плата остануваат исти – но ќе добиете време за да бидете креативни и простор за да ги реализирате и своите идеи!
И можеби еден ден ќе бидете како Катарина Клаусбергер, ко-основач на Shpock, апликација за пазари за убави нешта. Се запознавме со Катарина на 4GameChanger фестивалот во Виена – каде што нашиот Главен и извршен директор Алехандро Платер учествуваше во дебата на подиумот. Во куси црти, таа ни даде некои насоки од областа на стартапи и иновации. Погледнете и слушнете самите.