Винсент Ван Гог рекол: “Големите нешта се направени од серија мали нешта заедно” – а нашите колегите од А1 Хрватска докажаа дека тоа е навистина така. Волонтирање во повеќе активности е нивен заштитен знак уште од самиот почеток. Слушнете ги нашите колеги Јосип и Дебра – амбасадорот Тадија, be:кој како и многу други прави очите да светат повторно – дури и во најбеизлезните ситуации.

Приказна која започна како мал, но за кратко време прерасна во голем корпоративен проект на база на волонтирање, спојувајќи многу општествено-одговорни активности и практики, како што е работа со деца, чистење на животната средина, помагање на повозрасните лица и лицата со посебни потреби, но и подобрување на компјутерската писменост. Ние во А1 Хрватска бевме свесни за нашата одговорност и големината на нашето влијание врз општеството, па затоа веднаш го пренесовме нашето знаење и алатките со кои располагавме за да ја започнеме нашата страница за заедничко донирање “Направете го вистинското нешто“, прва од ваков вид во Хрватска. Оваа платформа ослободена од провизија го трасираше патот до една приказна која продолжува да усреќува многумина.

Тоа што ја прави оваа приказна толку посебна е придонесот на нашите колеги од А1 кои се едни од најактивните амбасадори и донатори. Тие им имаат помогнато на околу 40 невладини организации но најважно од се, имаа дадено свој придонес во решавањето на многу прашања од општествена важност. До сега, по околу 2 години од лансирањето на овој проект е што има собрано преку 35.000 евра во донации.

Vesela Brajković

На овогодинешниот А1 Триатлон, Весела Брајковиќ започна предизвик за тимот на А1 Хрватска што беше посветен на асоцијацијата БИОМ и проектот за заштита на птиците. Извонредниот успех на девојките на А1 триатлонот беше збогатен со донации и помош од донатори.

“И поставивме предизвик на асоцијацијата БИОМ, која се справува со заштита на природата затоа што ние поминуваме многу слободно време таму. БИОМ презема разни активности и за некои се потребни донации. Нашата цел беше да собереме 2000 куни за да помогнеме во заштита на препелиците. Собравме помалку од планираното, но емоциите, поддршката и чувството дека му помагаш на некој се непроценливи”, рече Весела Брајковиќ.

Кога А1 се ребрендираше, организиравме базар и продававме производи со старото лого на Вип. Приходите од 5000 евра ги дониравме преку нашата платформа за проектот “Мирно море”, хуманитарен проект за деца и млади луѓе со низок социо-економски статус. Но, некои од нас го инвестираат своето слободно време во поддржување на оние на кои помошта им е најпотребна.

Погледнете го видеото и запознајте ги Јосип и Тадија, кои направија прекрасна работа!

Ви благодариме на сите за поддршката! #тим