Поговорката вели: “Тоа што сакате да го правите, го правите добро”, и доколку уживате во вашата работа, ја работите уште подобро. Кога станува збор за нашите корисници и услугата што ја нудиме, ние во А1 Групацијата сакаме да бидеме помеѓу најдобрите. Анамариа Тот, проект менаџер на “International customer service challenge” испроба нов, забавен начин: игра, сет, меч”

 

Annamaria Toth

Иницијативата беше родена, откако Анамариа препозна дека интернационалните тимови се соочуваат со многу слични предизвици и покрај различните пазари, откако беше воведена продажба преку Контакт центрите. Покрај познатите и искусни овозможувачи, како што е споделување на најдобрите практики, организациско израмнување или тренинзи, Анамарија се фокусираше на гемификација, која треба да донесе одржлива вредност на земјите од нашата Групација и да им помогне да го подобрат нивниот перформанс. Претпоставката дека на земјите ќе им биде потребно многу време за да се убедат дека треба да земат учество во овој предизвик, се покажа погрешно. Спротивно од ова, продажните тимови топло го пречекаа “International customer service challenge” откако се согледа придобивката од иницијативата и не само, А1 Групацијата откѕи дека игра инстинктивно.

Натпреварот

Во 2018та по втор пат се одржа турнирот “Олимпијада на Контакт центрите”. Во времетраење од 1 месец, 6 земји се натпреваруваа за најдобро рангирање базирано на продажба, корисничко задоволство и оперативни перформанси. Околу 2500 вработени од А1 Групацијата учествуваа или го поддржаа натпреварот и така креираа неверојатно позитивен тимски дух и ја зголемија продажбата. “Мотив во секој тим е да покаже дека е најдобри, и тоа е вистина: сите наши пазари се единствени во нешто”, вели Анамариа.

Но, какво е влијанието генерално? Продажните активности се дел од секојдневниот бизнис на нашите агенти од корисничка поддршка а раководењето со продажните активности, таргети и бонуси е дел од работата на тим лидерите на Центарот за грижа за корисници. Другите оддели како Маркетинг, CVM и Човечки ресурси треба исто така да ги поддржат за да бидат успешни. “Благодарам на сите колеги за нивната помош и што придонесоа овој огромен проект да успее”, вели задоволно проект менаџерот. #teamspirit


»Ова ќе остане моја омилена иницијатива, затоа што навистина сакавме да креираме нешто што ќе биде забавно истовремено што ќе ни помогне да ги оствариме нашите бизнис цели.«


Победничкиот тим

Вистинските победници на предизвикот се впрочем нашите корисници – и тимот од Србија. Ги прашавме нашите српски колеги да ни раскажат на кратко што ги мотивираше, со какви предизвици се соочија и што научија. Погледнете ја галеријата:

Подигнете ги знамињата!

Позади секој успешен тим, има фанови. Овие фанови се надминаа со креативни идеи како да се создаде Олимпискиот оган, почнувајќи од отворање на церемониите, декорации, маички и капи за тимовите, медаљи и трофеи да се прослави успехот. Гласањето за најдобра анимациска програма се одржа на Workplace а учествуваа сите земји: честитки Хрватска!

Која е тајната на вашиот успех?

“Секоја Олимписка игра подразбира напорно работење, посветеност на детали и желба да го дадеме најдоброто. Во овие Игри, препознавме луѓе и нивната желба за успех како наша најголема вредност. Никогаш не ги изгубивме натпреварувачкиот и борбен дух и тоа е причината поради која победивме. Нашите корисници добија најдобро искуство кое ни помогна да изградиме долгорочна релација со нив. Предизвиците не научија да веруваме во себе а потешкотиите со кои ќе се соочиме ќе направат да ја постигнеме нашата крајна цел.”

Со нетрпение го очекуваме следниот предизвик!

Информации за Workplace

Целата комуникација се одвиваше на Workplace во групата Olympic Games @ A1 Group. Натпреварот беше многу емотивен: ги објавивме рангирањата на земјите на неделна основа што секој пат резултираше во многу радост и честитки видливи на нашата страна на Workplace. Тоа го сметам за успех, вели Анамариа.