Општествената одговорност е вкоренета во самото јадро на деловното работење на А1 Slovenia. Одговорноста кон нашите колеги, корисници и поширокото општество е начинот на кој ние работиме, нашата култура, секој наш ден. Организираме разни општествено-одговорни кампањи и се трудиме да го овозможиме учеството и на нашите корисници и на вработените. Како функционира ова? Продолжете да читате и откријте повеќе за мотивацијата и заклучоците на Ана, Маруша и Луси, кои оваа есен се приклучија на Денот за волонтери на А1.

11 септември 2019 г. Беше убав сончев ден. Околу 60 волонтери од А1 и „Словенска Филантропија“ со автобус отидоа во образовната институција „Вишња Гора“ за да помогнат при уредувањето на околината за да го олеснат животот на оние млади кои таа средина ја нарекуваат свој дом. Ги скративме непослушните грмушки, ја искосивме високата трева, ги обоивме прозорците и надвиснатиот кров, изградивме градина од камења и посадивме неколку грмушки и различни цвеќиња. Создадовме посебна енергија со младите луѓе, навлеговме во емотивни разговори и на крај посакавме денот да потрае уште малку. Благодарноста беше неизмерна, бидејќи ние бевме првите волонтери кои дошле да помогнат во тие 70 години од постоењето на институтот.

Ана Кожељ, Менаџер за производи

Мојата мотивација за учество
Секогаш сум расположена да присуствувам на волонтерските кампањи кои ги организира компанијата. Мојата најголема мотивација е што можам да помогнам некому кој има потреба од тоа. Работниот ден поминат со колегите во поинаква средина ми дава дополнителен поттик.

Мојот заклучок од овој ден
Денот за волонтери беше вртлог од емоции. Совршена комбинација на гордост, среќа, замор, но исто така и тага. Сѐ уште се сеќавам на младите луѓе кои ги запознав таму и на нивните сурови животни приказни. Горда сум што воспоставив вистински контакт и доверба со нив.

Придобивки за мојата работа
Вработените во различни оддели присуствуваат на овие волонтерски кампањи. Ова е одлична можност подобро да ги запознаеме нашите колеги и да станеме пријатели. Доброто разбирање меѓу колегите поттикнува подобра соработка и ги забрзува процесите на решавање заеднички проблеми. Многу сум горда што можам да работам во компанија со која ги делиме истите вредности. Горда сум што за свои колеги имам такви луѓе со големи срца.


»Тимската работа е клучна за одлични резултати и личен развој.«


Маруша Додиќ, Постар експерт за продажба и поддршка на корисници

Мојата мотивација за учество
Волонтерството е можност подобро да ги запознаам своите колеги додека правам нешто добро и несебично за мој пријател. Волонтерската работа која ја правам сама или заедно со моите колеги ме исполнува со позитивна енергија и задоволство.

Мојот заклучок од овој ден
Топлото добредојде кое го добивме од вработените и студентите во институтот „Вишња Гора“ го исполнија остатокот од денот со топлина и радост и ме инспирираа да имам уште еден таков ден во многу блиска иднина.

Придобивки за мојата работа
Некои колеги ги запознав многу подобро, а сигурна сум дека не би ги запознала на работа. Со оние со кои редовно соработувам ги зацврстивме нашите врски и додадовме приказна која нѐ поврзува, правејќи ја нашата соработка на работа полесна и порелаксирана.


»Преку соработка и позитивен став можеме да направиме големи промени.«


Луси Покорна, Постар менаџер за производи

Мојата мотивација за учество
Сакав да учествувам бидејќи добрината и придонесувањето за заедницата се важни за мене на лично ниво.

Мојот заклучок од овој ден
Се чувствувам духовно побогата и трогната од денот кој го поминавме со децата – разговорите кои ги имав со некои од нив ме мотивираа да продолжам да работам со нив. Се надевам дека А1 може да продолжи да работи со оваа институција и преку тоа да им помогне на овие млади луѓе. Мислам дека можеме уште повеќе да ги инспирираме и мотивираме. #MakeItHappen

Придобивки за мојата работа
Уште еднаш сфатив колку сме среќни што живееме и работиме во толку позитивна средина. Исто така, го ценам тоа што А1 ги поддржува идеите и проектите како што е овој.


»Верувам дека А1 е се поблиску до тоа да стане бренд кој навистина се грижи за луѓето и корисниците.«