Минувањето низ фазата на транзиција во текот на ребрендирањето не е лесно. Особено кога сте помогнале во градењето на првичниот бренд. Но прифаќањето на новите работи не значи дека треба во целост да заборавите на Вашата компанија и сè што Ве приврзува за неа. Само погледнете ја Словенија и нејзината приказна за ребрендирањето од каде можете да добиете вредно искуство од прва рака.
Кога првпат слушнавме за ребрендирањето, помисливме “Како да замениме бренд којшто го градевме 18 години?” Како да лансираме нешто ново на пазарот и да избришеме сè што стекнавме со макотрпна работа.
Имавме измешани емоции, но по некое време сфативме дека перцепцијата на луѓето постојано се менува, исто како и ние, па зошто да не се смени и нашиот бренд?
Кога зачекоривме на патот и започнавме да ја креираме нашата нова приказна, набрзо забележавме дека нашиот бренд секогаш нè претставува нас, луѓето. Ги отстранивме круговите, но додадовме многу повеќе.
На ребрендирањето гледаме како на нова можност. Можност за подобрување, за ново освојување на пазарот, и последно, но, не и најмалку важно, за нас самите. Така и започнавме. Подготвивме листа на сите активности и промени кои беа поставени пред нас во текот на следните седум месеци. И ја дополнувавме секој ден. Кога еден бренд ќе се искачи на нависокото место во Словенија, изгледа невозможно да се спроведат сите потребни промени во толку кратко време.
Но, успеавме! Безброј работни часови и бессони ноќи, исклучителната посветеност од наша страна и големата мотивација нè донесоа до точката каде што можеме да кажеме: “Успеавме! А1 е тука.”
И во моментот кога ќе прошетате по улиците и ќе здогледате билборд со логото А1 и слоганот “Почеток на нешто извонредно”…Се чувствувавме како навистина да сме влегле во нешто ново. А1 беше нашето новороденче и чувствуваме одговорност да му го претставиме на пазарот на најдобар можен начин. И можеби оваа промена се чинела едноставна за некои, а други пак дури и рекле, „ќе менувате само лога“, но бројките зборуваат сами за себе.

Да разгледаме што всушност значи ребрендирањето:
- Испланиравме повеќе од 130 активности, од кои 100 беа планирани за датумот на лансирање.
- Променивме вкупно 600 документи, од кои 50 беа спроведени во CRM процесот.
- Поради големиот број на активности, составивме мали тимови од 3 лица за поддршка на агилен процес и исполнување на строги рокови.
- Сите барања за мобилни и фиксни услуги беа дефинирани во рамките на еден месец и половина, а преостанатите 2 месеца беа за развој и тестирање.
- Беа направени промени на приближно 60 апликации, од кои 20 портали и 30 системи во фиксната и мобилна средина.
Сето ова и безброј други детали беа завршени од тим од само 100 лица.
И само како интересен факт:
- Доколку 100 лица работат 3,5 месеци, 8 часа на ден, тоа се вкупно 64000 работни часа.
- Ќе бидат потребни 30 години за едно лице со работно време од 8 часа на ден да го постигне тоа.
- Покривме површина од 16200 m2 со реклами. За да го ставиме ова во контекст, тоа би го покрило подот на 200 просечни словенечки станови (81 m2).
- 563 страници со ИТ развојни спецификации изнесуваат 166 метри, кои имаат должина 6 пати поголема од едно игралиште за кошарка.
- 2042 ново составени автоматизирани текстуални пораки може лесно да се испечатат во книга со меки корици од 180 страници.
На крајот сите ние, вработените, го правиме брендот уникатен и ние сме единствените одговорни за успехот на нашиот нов бренд. Го создадовме заедно, и се гордееме со тоа. Радосни сме бидејќи сега знаеме дека ова е само почетокот на нешто прекрасно…
Како се случи ребрендирањето преку очите на нашите колеги?