Постојат толку многу искушенија кога е време за ручек: пица, брза храна, колачи, тестенини! Но, вработените во велком се грижат за нивното здравје и затоа одбираат здрав ручек подготвен од дома. Што е подобро од домашна храна, подготвена со љубов? Уживајте во кулинарското патување во Белорусија!

Во лето, кога има толку многу зеленчук и овошје, лесна и балансирана исхрана е едноставно must have! Токму тогаш во кујната на нашата компанија можете да најдете секакви видови салата, свеж и зеленчук подготвен на пареа, и секако здрави колачи и овошје!

Денес, за време на нејзината пауза за ручек, се сретнавме со Олга Невмерцитскаја, специјалист за тренинг во Одделот за развој и тренирање. Олга сподели со нас не само вкусни рецепти туку и ни кажа неколку работи за нејзиниот начин на исхрана. Продолжете да читате и дознајте се за храната која Олга ја обожува:

Во велком вообичаено јадеме…

Вкусна и здрава домашно подготвена храна и сезонски зеленчук

Готвењето е…

Уметност, како сликањето, скулптурите и музиката.

Готвењето исто така е…

Можност да им овозможите на вашите најсакани вкусна, здрава и прекрасна храна. И затоа најдобро е да користите сезонски производи кои ќе му дадат на вашиот организам витамини за целата година.

Ручекот за денес:

Највкусниот борш и лесна салата од млад зеленчук

Колку често готвите дома:

Скоро секој ден, и секогаш вкусно и здраво

Што е најважно кога се готви?

Здрави состојки и прекрасно уредување на чинијата дури и кога го готвите наједноставното јадење

Кое е вашето омилено јадење?

Ммм…грашок со бабури, печурки и пилешко

Дали чуваш грицки на работа?

Секогаш имам зеленчук, овошје или боровинки

Што правиш кога немаш време за ручек?

Секогаш наоѓам време за ручек!

Што сакаш да јадеш најмногу?

Супа од зеленчук и свежа салата

Рецепт кој сакам да го споделам:

Борш и салата од свеж зеленчук