Готвењето не е секогаш лесно или брзо. Јасмин Мајер од Интерни Комуникации на А1 Австрија ќе ни каже зошто вреди да ја земете во рака дрвената лажица и пробате да ги направите традиционалните и егзотични рецепти. Затоа, без оправдувања – фатете ги врелите тенџериња и продолжете да читате :)

Во кафетеријата во седиштето на А1 Австрија во Виена се служат 4 различни менија секој ден. Дури 1300 порции ги полнат стомаците на нашите гладни колеги. Вработените имаат опција да си донесат ручек од дома и да го загреат во микро. На овој начин тие можат и да уживаат во нивен ручек но и да уживаат во друштво на нивниот тим. Ја погледнавме од блиску кутијата за ручек на Јасмин:

Готвењето е:
… искрено, понекогаш мачно, претпочитам печење. Затоа понекогаш готвам малку повеќе кога правам вечера и кога останува нешто за ручек за утре. Како и да е, сакам да го разгалам мојот тим со крцкави колачиња и торти.

Колку често готвите дома за работа?
Се трудам да си носам од дома барем 2-3 пати во неделата.

Што е најважно за вас кога станува збор за готвењето и храната?
Во текот на неделата, важно е готвењето да е лесно и брзо, а во исто време да нема досаден вкус. Особено кога се работи за вегетаријанска исхрана, готвењето ви дава шанса да бидете авантуристи кога зборуваме за рецепти и вкусови. За жал, не сакам да јадам исто јадење цела недела.

Кое е вашето омилено јадење? 
Сакам да мешам. Индиско денес, италијанско утре а измеѓу виетнамски летни погачици. Уживам во се!

Дали имате скриени грицки во фиоките на работното биро?


»Со оглед на тоа што има слатки предизвици во нашите канцеларии, се трудам да донесам овошје или ореви на работа.«


Што правите кога немате време за ручек? 
Се трудам секогаш да најдам време за ручек, но ако навистина тоа е е невозможно, нарачувам сенвич или салата.

Што најмногу сакате да јадете?
Било што, навистина, но балансот е многу важен. Се трудам да ги избегнувам тешките јадења, затоа што потоа се чувстувам многу уморно, но секако се трудам да изедам доволно.

Денешниот ручек е… 
Вегетаријанска леќа со кнедли од леб, типично австриски. Иако не сум вегетаријанец, се трудам да јадам помалку месо и затоа готвам повеќе вегетаријански јадења.

Видете го рецептот тука!
Уживајте во ручекот!