Мистериозен и интересен. Ладен и шармантен. Сигурно ги употребувате овие зборови за да опишете некој карактер од некоја популарна ТВ емисија, но исто така и за да го опишете главниот град на Белорусија – Минск.

Доколку се најдете во центарот на градот – на Oktyabrskaya Square, првата работа која ќе ја забележите е извонредната контраст и еклектичката природа на околната архитектура. Ултрамодерната централа на velcom и околните згради се одличен пример за коегзистенцијата на различни стилови и епохи. Покрај тоа, ако стоите пред velcom центарот и ако погледнете пред Вас, ќе го забележите срцето на Минск: Victory Square, Nemiga Street, средновековна улица кoја беше реконструирана. Овие се места кои љубопитните туристи мора да ги посетат.

Доколку барате уникатна контраст, Минск е Вашиот град. Град на брилијантни програмери и големи производствени претпријатија изградени по Советскиот Сојуз, ветувачки бизнис партнер, тивка граница на Европа. Овие се само неколку од мислењата, гласините и митовите за Минск, а постојат многу повеќе. Па така, би сакале да ги откриеме и да оформиме наше сопствено мислење.

Покрај фактот што наследници на многу познати луѓе, како што се Скарлет Јохансон, Кирк и Мајкл Даглас, Лари Кинг, Исак Асимов и тн, се од Белорусија, овој дел од континентот останува бела точка на темелно проучената мапа на Европа за многу Европејци. Можеме да додадеме дека не многу одамна, Белорусинката – Светлата Алексиевич – доби Нобелова награда за литература за првпат во историјата на независна Белорусија.


Ајде да погледнеме неколку места кои треба да се посетат, работи кои вредат да се пробаат и знаменитости кои вредат да се посетат во Белорусија.


Што треба да знаете

Се разбира дека главната област на интерес се луѓето во Белорусија. Тие се многу пријателски расположени и отворени, но потребно е време да се откријат овие карактеристики на локалните жители. Кога одите по улиците на Минск, можеби ќе помислите дека сите околу Вас се сериозни. Сепак, кога ќе ги запознаете подобро, со сигурност ќе сфатите дека Белорусите се искрени, среќни, отворени. Покрај тоа, ќе откриете дека жените во Белорусија се убави и елегантни.

Во Русија постојат два јазика – белоруски и руски. Всушност, поголемиот дел од луѓето во Минск говорат руски, но сакаат да вметнуваат неколку белоруски зборови, но ги почитуваат оние кои течно го говорат нивниот јазик и го користат во секојдневниот живот.

Јавниот транспорт е многу добро развиен во Минск, а тоа навистина го ценат и граѓаните и туристите. Можете да стигнете на било кое место во градот со помош на јавниот транспорт. И нема да Ви бидат потребни повеќе од 10 минути да чекате автобус. Меѓутоа, тој не работи 24 часа на ден.

Што треба да видите

Nemiga Street се наоѓа во непосредна близина на централата на velcom. Се работи за историски центар кој е поделен на Upper City и Troitskoye Suburb каде можете да видите куќи од 19 век. Тука, можете да прошетате по Svobody Square, да наминете во City Hall и да слушате инструментална музика во Upper City Concert Hall која се наоѓа во реконструираната зграда на Saint Spirit Church.

Белорусите се сеќаваат на трагичните моменти од нивната историја и го ценат тешко стекнатиот мир по Втората светска војна. Можете да се потсетите на атмосферата од тоа време со посета на модерниот Музеј на Големата Патриотска Војна на Pobediteley Avenue.

Светот не може да одлучи дали зградата на националната библиотека на Белорусија е убава или грда. На прв поглед, можеби ќе помислите дека е ноќен клуб или дел од некој Star Wars филм, но така станува уште поинтересно затоа што во внатрешноста се наоѓа богата ризница на белорускиот печат, архива, платформа за разгледување и ресторан.

Една од најголемите ботанички градини на Европа се наоѓа во Минск. Денес, таа е во сопственост на Академијата на науки и се смета за национално богатство на Белорусија. Во ботаничката градина се наоѓаат повеќе од 10,000 растенија од целиот свет.

Gorky Park е најдоброто место доколку сакате да поминете некое мирно време и да го погледнете Минск од високо. Исто така, таму се наоѓа и планетариум. Таму често се одржуваат некои необични настани како што се турите низ Вселената во придружба на модерни музичари од Белорусија.

Што треба да вкусите

Белоруската кујна е мешавина на едноставна селска храна и исклучителни јадења на тајкуните. Можете да пробате национални специјалитети на многу места во историскиот центар на Минск, на пример, во Talaka или Rakauski Broyar, и тн. Покрај тоа, препорачуваме да посетите неколку интересни места каде ќе можете да го почувствувате духот на градот и да ги пробате јадењата кои се омилени кај сите жители на Минск, на пример, легендарниот снек бар во супермаркетот Tsentralnyi со своите свежи тестенини, кафе од фабриката за чоколади Kommunarka со нејзиното оригинално топло чоколадо и сладолед, и кафулето La Crête d’Or café каде се прави најдобриот Mille-feuille.

Што друго може да се прави?

Белорусија е позната по своите спортски постигнувања. Меѓународните спортисти како Дариа Домрачева и Викториа Азаренко ги усовршуваа своите вештини во локалните спортски арени. Сите спортски арени тука се врвни и заслужуваат посебен туристички водич.

Минск дефинитивно може да се нарече главен град за казина во Источна Европа. Можете лесно да најдете казино во секоја станбена област. Достапни се и посебни тури за туристите.

Шопингот е задолжителен за туристите во Минск. Класичните трговски центри од времето на Советскиот Сојуз, како што се GUM и TSUM, се зачувани во првичната состојба. Stolitsa е еден од многуте модерни трговски центри во Минск. Патем, можете да купите многу белоруски брендови кои не можете да ги пронајдете на друго место во Европа.

Улицата Zybitskaya со своите барови и ресторанти е место кое многу брзо стекнува популарност. Лоцирана е, како што е наведено погоре, блиску со velcom-центарот. Можете да го започнете своето кулинарно патешествие во Feelini ресторанот лоциран на првиот кат на velcom-центарот. Потоа, преминете ја улицата и уживајте во атмосферата на Минск во Banki-Butylki барот, посетете го Cherdak со својот одличен поглед од терасата и завршете го своето патешествие во Chapski барот каде што знаат сè што може да се знае за доброто пиво.

Се гледаме во Минск!