Повеќето од нас, родители на мали деца, знаат: тешко е да се најде квалитетна онлајн содржина за деца. И, што би било подобро од привлечно искушение кое ги носи нашите најмили самоиницијативно во кревет? :) Нашите колеги од А1 Словенија започнаа иницијатива која го стоплува срцето и ги зближува генерациите. Се запознавме со проект менаџерот Тања и ја замоливме да ни раскаже повеќе за овој проект – словенечка бајка, како и да ни каже кој лик од приказните најмногу и се допаѓа.

Еднаш многу одамна словенечките родители беа многу очајни. Не можеа да најдат онлајн педагошка содржина за нивните деца, на возраст 3 до 8 години. А1 Словенија ја препозна оваа потреба и тргна да бара придружници кои би ги инспирирале родителите и децата. Затоа, А1 Словенија ги контактираше познатите словенечки писатели на бајки, млади илустратори и други професионалци како и старски домови, со цел да се приклучат на овој долготраен проект со нивните приказни. Креативна агенција и други професионалци ја комплетираа тимската работа и заедно продуцираа повеќе од 100 снимени аудио бајки кои се достапни преку мобилна апликација, која веќе од декември 2016та година ги испраќа словенечките дечиња со добра приказна во светот на бајките. И сите тие слушаа бајки среќни засекогаш.

Многу делчиња се составија за да го направат Lahkonocnice (Бајки за добра ноќ) успешен проект.

Идеите и тајмингот како и силна поврзаност со нашиот бизнис, како вклучениот Soundcloud плеер на мобилната/веб платформа, која дозволува плеј листа на омилените бајки на детето се состојките за успех. И, се разбира, пасионирани луѓе кои работат на проектот. Сите раскажувачи на бајки се организираа во мали групи во старски домови и си читаа едни на други, им читаа на постарите лица и посетуваа деца. Нашите писатели се исто така среќни! Благодарение на целата промоција на словенечката модерна литература, дури неколку нови писатели ни пратија е-маил со нивни приказни и замолија да ги вклучиме во проектот. Покрај фидбекот од родителите, позитивната прифатеност на брендот А1, многу симнувања и посети на сајтот, како и повеќе од 30 награди, се доказ дека оваа приказна ќе биде успешна.


»Емоциите се најголемиот водич за успех и раст на еден проект.«


Татјана Кос

»Креиравме нешто што има голема вредност за сите генерации.«

Тематски продолженија

По 100 снимени приказни, одлучивме да продолжиме со тематски продолженија. Во 2018 година следуваше трилогијата за пчелите за да го прославиме првиот интернационален ден на пчелите и улиштата на кровот на седиштето на А1. Следуваа уште пет продолженија на тема “Добра ноќ, предрасуда”!, бајки кои беа објавени заедно со националниот радио пренос. Ќе ги продолжиме во 2019 година, а ќе ставиме и фокус на визуелниот дел на бајките и важноста на визулното изразувања на децата додека се мали. Очекувајте повеќе информации околу интернационалниот ден на пчелите кон крајот на мај! Исто така зафатени сме со подготвување на две книги со слики базирани на нашите бајки, илустрирани и дизајнирани во соработка со ALUO студентите (The Academy of Fine Arts and Design).

Ја сретнавме Тања, експерт за Медиуми во А1 Словенија, која во интервју ни раскажа за овој многу посебен проект.

 

Татјана Кос
Проект менаџер на
Бајки за добра ноќ

Кои беа вашите лични размислувања и очекувања?

Секоја нова соработка и под-проект е приказна за себе. Имаме планови до крајот на оваа година и сигурна сум дека ќе најдеме начин да го продолжиме проектот. Библиотеката на модерни словенечки аудио бајки е тука за да остане за идните генерации, ние само мора да бидеме иновативни во нејзината промоција.

Што го прави овој проект толку посебен?

Услугата – производот херој е аудио бајка, но успеавме да ја промовираме не само литературата и писателите туку и младите словенечки илустратори, во исто време обрнувајќи вниманите на проблемите со кои се соочуваат старите лица во старските домови, како што е осаменоста и одвоеноста од светот надвор, како и когнитивна нескладност. Ги посочивме темите како што е предрасудата, етичките и морални вредности преку пишана и визуелна креативност.

Која е вашата омилена бајка?

Ги слушам и имам мои омилени, но веројатно ги слушам поразлично – од друга перспектива. Во нив барам различност бидејќи постои толку различна публика која е таргет и постојат толку многу пораки кои сакаме да ги пренесеме.

Со кој карактер се идентификувате?

Со змејовите се идентификувам најлесно :)

Во моментот има 111 бајки и еден цртан онлјан кои се достапни и на англиски.