Агилноста е начин на мислење, филозофија, начин на гледање на работите, нов начин на размислување. Тоа е уметност, не наука. Се работи за еволуција, промена, развој и приспособување на околностите. Агилноста е тоа што си, не тоа што го правиш. Погледнете како тоа го прави А1 Хрватска!

Раководење со агилноста е всушност склоп на разни методологии врз кои влијаел прилагодлив пристап. Агилните методологии се отворени кон барања кои се менуваат со тек на време и охрабруваат постојан фидбек од крајните корисници. Крос-функционалните тимови работат на менување на производ, и ова работење е организирано во backlog кој се приоретизира врз основа на бизнис или корисничка вредност. Целта на секоја промена е да се произведе работлив производ.

Во агилните методологии, раководниот тим охрабрува тимска работа, надлежност и tet-a-tet комуникација. Акционерите и развивачите мора да работат заедно за да ги изедначат производите со потребите на корисниците и компаниските цели. Методологиите што се употребуваат за имплементирање на агилноста се: Scrum, Kanban, Lean, Extreme programming, итн.

Ivana Mandušić Hrupački

Агилност во А1 Хрватска

Затоа што сакаме постојано да учиме едни од други и да ги споделуваме најдобрите примери, Ива, која што работи во Одделот за односи со јавност во А1 Хрватска, направи истражување и разговараше со Ивана Мандушиќ од Одделот за дигитална трансформација, која координира повеќе од 10 агилни тимови кои што работат во моментот на различни проекти. Еве што таа откри:

“Првите агилни тимови беа дефинирани во мај 2017 година. Сакавме да пробаме различни пристапи и нов начин на размислување за производи кои ни беа многу важни и кои требаа да бидат развиени тогаш. Научивме дека агилноста може да им даде на нашите тимови отворен начин на размислување и да им помогне да отидат чекор понатаму; да ги научиме потребите на корисниците и да им обезбедиме подобро искуство. Дополнително, тимовите се способни да се организираат самите и да се фокусираат на екстремно важните E2E”, рече Ивана.


 »На крајот научивме дека тоа беше вистинскиот чекор – тимовите се надминаа во работењето и ги надминаа сите очекувања!«


“Засега, сите тимови работат на производи или процеси што се дел од дигиталната трансформациска програма. Затоа што главната цел на трансформацијата е да се дигитализираме себеси како компанија и да го зајакнеме дигиталното искуство на корисниците, согледавме дека имплементирање на Scrum методологијата е тоа што ни е потребно”, рече Ивана.

 

Што научивме досега?

Зборувавме со неколку членови на агилни тимови и ги замоливме да споделат со нас што тие научиле досега, како се разликува работењето во агилен тим од работење во традиционални работни средини и ги прашавме дали има место за подобрување.

Дигитално корисничко
искуство во тимот

»Клучот е во
симултаната соработка.
«

“Ова не е нашата прва средба со агилност, ние сме (среќен) тим кој е навикнат да работи на овој начин. Како и да е, сеуште се сеќаваме на стариот начин на работење кога се случуваше на пр. создавачот на некој концепт да сака да развие А, клиент да сака Б а поради технички ограничувања да добиеме В. Оваа интензивна и симултана соработка која обезбедува квалитетен производ во кој човекот е во фокус е главната разлика”.

Продажен
преден тим

»Правење грешка
на почеток е добро.
«

“Научивме дека кога грешката е направена во рана фаза на развој на производ, е добро! Тоа ни дава вредна информација за следната промена во развојот на процесот пред да бидат потрошени многу време и пари. Исто така, вклучувајќи ги крајните корисници во развојниот процес од самиот старт овозможува да креираме производ што им носи голема вредност”.

B2B тим
»Градење доверба
во самите нас
«

“Повторлив пристап, брза испорака на резултати, фокусирани и посветени тимови и за крај – зголемено задоволство во тимот. Научивме како да си веруваме, да преземеме одговорност, да реагираме и учиме надвор од строгиот опис на работа”

Мојот A1
self-care тим

»Размислувај
поинаку

“Најпрво, научивме како навистина да ги слушаме нашите корисници и да се слушаме едни со други, да реагираме на информациите кои ги добиваме и да се фокусираме на развој на работи кои се навистина важни. Второ, научивме да размислуваме на други начини и да комуницираме подобро. Постојано се прашуваме: што сакаме да постигнеме ако го направиме ова ли она? Што научивме од сето ова и што можеме да направиме поинаку?

Тимо за теренска
продажба

»најважен
е фокусот«

“Во агилните тимови се работи за силен фокус на еден проект и невозможно е да не се мисли на секој детал, од неколку аспекти. Од самиот старт на развивање на производот, во секојдневните состаноци добивате повратни информации од други членови на тимови и крајни корисници за некои работи за кои не сте биле свесни и ги решавате веднаш”.

Дигитален тим
»Зграпчете ја
шансата и пробајте!
«

“Научивме дека да се биде дел од агилен тим значи самите да се организираме, имаме голема слобода во донесувањето одлуки но исто така и голема одговорност за конечниот резултат. Тоа е затоа што за време на процесот ние постојано работиме на подобрување на истиот како и на нас самите, и топло препорачуваме на нашите колеги доколку им се пружи шанса да работат на агилен начин!”

Следни чекори

“Имаме многу планови. Прво, би сакале да ги воведеме agile@scale. За ова се потребни промени во многу процеси и во начинот на кој ги правиме работите денес, на пример раководење со достигнувањата на релевантните тимови, набавки со вендори, стандардизирање нови улоги како што е scrum master итн. Во исто време, развиваме концепт на тренери на нови тимови кои би биле сопственици на сегашен производ и scrum мастери. И последно, но не помалку важно, ние постојано работиме на свест и едукација преку нашата Дигитална Академија, едукативна програма за дигитални вештини”, рече Ивана.