Тулин, доаѓаме! Петок, 13ти септември: 26 степени, сонце, високо мотивиран А1 тим. Се е подготвено за големиот А1 тимски настан и предизвик но овој пат со нови правила. Но, тука е секогаш присутен и интернационалниот тимски дух. Тимовите на А1 Австрија и тимовите од земјите дел од А1 Групацијата се натпреваруваа со голема амбиција и желба да го освојат секој предизвик. Продолжете да читате и тестирајте го вашето знаење за квизот!

»Не можам да не мислам на прашањата.«

Не е ново дека различните тимови имаат подобри резултати, кога гледаме на силата на секој учесник поединечно. Ова повторно се докажа како точно за време на A1 Team Challenge. По триатлонот, кој во фокусот ги имаше спортовите, оваа година беа вклучени таленти и вештини, а трчачите и “мислителите” беа предизвикани подеднакво. По трката, секој тим зема брошура со 150 прашања и 10 мини-игри. Осмислувачите на стратегијата од секој тим го правеа планот за секоја задача т.е. за 5те дисциплини во кои се натпреваруваа тимовите: вештини, локално знаење, А1 know-how, генерално познавање и брзина на знаење. За повеќе од 2 часа, А1 тимовите со здружени сили дискутираа активно и ги бараа одговорите “под дрво и под камен”. Беа забележани и тимови кои “тајно” си помагаа :) Хајлајт на денот: карти за ноќната трка во Schladming во јануари 2020 беа извлечени за сите учеснички тимови.

»Сакаме макс макс …максимум добра забава.«

Благодареност до А1 тимот кој го направи овој предзвик посебен. #MakeItHappen. Во продолжение прочитајте ги најдобрите импресии:

5 поени: Супер – вие сте стварно паметен/паметна!
4-3 поени: Добро – го држите Google под контрола!
2-1 поени: Потрудете се повеќе – треба малку подобро да се запознаете со пребарувачот!
0 поени: Се надеваме дека трчате добро :)


»Најдобрата тркачка рута.«