Дали роботите имаат сопствен систем на вредости? Како ги следат стереоптипите? Под кои услови вештачките партнери се потенцијални носители на правата? А1Женската мрежа ги изнесе овие прашања на настанот организиран од нивна страна и ги запраша воведните говорници, техничкиоѕт филозоф Јанина Лоџ од Виенскиот универзитет и Феликс Шталдер од Универзитетот за уметност во Цирих. Прочитајте го прегледот во продолжение!

Што точно значи за нас – особено за сите жени меѓу нас – кога креираме вештачки женски луѓе како што направи  Хироши Ишигуро од Јапонија со неговиот жена – робот наречена”Ерика”? Нашите А1 колеги Урсула Јобст и Алики Аргирополус си го поставија ова но и други слични прашања. Оттаму ја зедоа иницијативата да дискутираат на оваа тема со околу 80 колеги во рамките на дигиталниот настан што беше дел од А1 женската мрежа во управната зграда во Виена.

Инспирарни од предавањата на професорот Јанина Лох и Феликс Штадлер, оваа дискусија стана основа за разменување на идеи и мислења повврзани со моралната одговорност на роботите и нивните програмери. Сите беа согласни дека невозможно е да се ослободиме од нашите вредности и стереотипи: оттука мораме да работиме на нашата свесност за нив како и да ја анализираме нивната важност. Како дел од решението за овој проблем Јанина Лох препорачува воведување етички водич за компаниите. Ова исто така ќе помогне на компаниите како што е и А1 во сегментирањето на податоците за корисниците.

Дали роботите ќе станат подобри луѓе?

Филозофот Лох исто така имаше одговор и на ова прашање и апелираше до нас да бидеме гласни бидејќи:


»Не си правиме услуга ако играме пасивна улога како граѓани во овој систем.«