Во А1 Словенија, општествената одговорност не е само длабоко вградена во основната дејност на компанијата, туку од мај 2017 година, може да се најде високо на покривот во нашето седиште во Љубљана. Тоа е екологија на повеќе нивоа! Имаме четири кошници со четири пчелни семејства кои не само што веќе произведуваат вкусен мед туку е и награден!

Започнавме во мај со поставување четири кошници со карнолски пчели на зелениот покрив на зградата на А1 во Љубљана. Во текот на следните два месеци нашите колеги – пчели произведоа 26 килограми мед oд липа и 64 килограми шумски мед. Нашите пчели наполнија повеќе од 350 тегли со мед, кои пак ги спакувавме во А1 брендирани пакети и дури уживавме во вкусот на медот за време на традиционалниот словенечки појадок. #omnomnom

Она што нашите колеги можеа да го вкусат однапред беше потврдено од страна на панел судии во неделата, на 27 август, на меѓународниот натпревар на саемот Агра: нашиот неверојатен шумски мед заработи сребрен медал! Се потврди истражувањето со кое се тврдеше дека урбаниот мед има повеќе предности од медот што се собира во руралните средини, бидејќи во него нема пестициди.

Лажица полна мед…

…секогаш достапен во сите А1 кујни и ќе ни го засладува чајот во текот на зимата. Исто така, ќе издвоиме неколку тегли мед за да ги искористиме како специјални подароци за нашите бизнис партнери. И вие исто така можете да освоите тегла од наградениот мед – само погледнете го “A1 Stories“на Workplace ;-)

Патем, нашите карнолски пчели не само што летаа околу покривите во Љубљана, туку ги имаше и на нашето лого на А1 Словенија! Сега погледнете ги нашите колеги – пчели и нивната неверојатна работа во видеото.