Кога ќе помислите на телекомуникации, информатички технологии и на компании кои нудат забава, најверојатно помислувате на телефони, кули за мобилна комуникација па дури и на музика. Но, има ситуации кога нашите техничари се соочуваат со нешта кои ги изненадуваат, додека ја одржуваат мрежата. А најверојатно и вие би се изненадиле :-)

Обезбедување сигурна и оптимизирана инфраструктура која овозможува дигитален живот за нашите корисници, значи проверка на базните станици, одржување и сервисиање на истите. Понекогаш, додека го прават тоа, нашите колеги се среќаваат со суштества или траги од нив, неочекувано!