И покрај тоа што Божиќ беше пред 2 месеци, постои добра причина да го вратите времето назад и да ве одведеме на трогателно патување. Инспирирајте се од нашите хрватски колеги, кои не се двоумеа да помогнат на сите начини кога тоа беше најпотребно.

Се претпоставува дека Божиќ е време исполнето со радост и среќа; сепак, тоа не беше случај во Хрватска минатата година. По разорниот земјотрес во Загреб на 6 април 2020 година, исто така, и градовите Петриња, Сисак и Глина беа погодени од земјотрес на 29 декември, по што се забележаа големи штети. Центарот на Петриња беше апсолутно уништен и многу згради беа целосно оштетени, како и нашата продавница А1 во Сисак. Повеќето од луѓето ги загубија своите домови и мораа да спијат надвор под импровизирани шатори чекајќи земјата да престане да се тресе. Ваквата состојба никого не остави рамнодушен. Хрватска повторно се обедини и се обиде да им помогне на луѓето на секој можен начин. Тоа беше моментот кога А1 Хрватска повторно ги откри своите вистински херои: Маријан Осречки, Марко Храниловиќ, Иван Пусиќ, Никола Полиќ, Томислав Шебаљ, Томислав Сршен и најискусниот Ненад Цапар.Нивните менаџери им дозволија да ги напуштат секојдневните работни обврски и да заминат во Петриња и Сисак за да им помогнат на сограѓаните во пренесувањето на опасните градежни материјали и да им помогнат на оние на кои им е потребна помош.

Nenad Capar

»Веќе осум години како член на HGSS (хрватска служба за спасување на планини), учествувам во спасувачките операции при големи природни катастрофи како поплави. Хрватската војна за независност и земјотреси им остави траги на луѓето во оваа област. Тие повторно станаа бездомници и продолжија да живеат под овие околности. Верувам дека сите можеме да придонесеме на свој начин и да ја олесниме моменталната состојба,«

рече Ненад веднаш откако се врати од Сисак и Петриња.

Marko Hranilović

Исто така, Марко ја сподели својата приказна со нас:

»Ден по земјотресот, брат ми, мојот пријател и јас отидовме во оштетените области. Двајцата се обучени на работа на височина во градежништвото, а јас имам алпинистички курс и искуство со работа на антенски системи. Задачите ги извршувавме во договор со локалните пожарникари во објектите што ги назначуваа тие. Ова го кажувам затоа што видов многу млади луѓе на терен кои сакаа да помогнат, но без доволно знаење и соодветна опрема. Нивната помош е секогаш добредојдена и позитивна, но во безбедни средини, како што е дистрибуција на помош, храна и слично и што е можно подалеку од трошни згради и покриви.Група од фудбалски навивачи пристигна во разурнатите области со идеја да помогнат во обновувањето на покривот, но локалната организација на искусни пожарникари ги задолжи со различни активности коишто не беа опасни за нив, и тие беа од голема помош исто така«
Кога замислуваме херои, помислуваме на Супермен, Бетмен, хероите на Марвел, но најмногу ги забораваме оние кои всушност помагаат без никакво двоумење кога постои каква било ситуација на потреба. Се разбира, не можеме да го заборавиме целиот наш А1 тим кој собираше залихи, возејќи и споделувајќи сè што имаа на луѓето во областите погодени од земјотресот. Затоа ви благодарам Маријан, Иван, Никола, Томислав Шебаљ, Томислав Сршен, Ненад и на сите херои кои волонтираа, ширеа надеж и се обидуваа повторно да ги насмеат луѓето. Покрај тоа, А1 Хрватска донираше 2 милиони куни (околу 265.000 евра) за фондот на Владата за оштетените области.

Смирилица – смирувачката мелодија

За насмеана завршница: А1 Хрватска исто така започна краудфандинг кампања за »Солидарната фондација« со цел да собере пари за обнова на Средното училиште во Петриња. Секој може да се вклучи со донирање преку нашата платформа за собирање средства »Постапи правилно«. Секој донатор добива ринг-тон Смирилица како подарок. Во време кога дури и најмала вибрација нѐ вознемирува, забележавме дека вибрациите на мобилниот телефон ја влошуваат ситуацијата. Затоа, ние во Хрватска нудиме единствена мелодија наречена »Смирилица« (смирувачка мелодија).

Слушнете ја овде:

 

Горди што сме дел
од А1 семејството!

Ние можеме # ДаГоОстваримеТоа