Во 2020 година, наместо да бараме велигденски јајца, го поминавме првиот Велигден во време на корона. И оваа година фамилијарните дружења се сведени на минимум. Затоа, ајде да се “заразиме” со сезоната на цутење и долгите пролетни прошетки.

Во измината година, научивме многу за само-организираноста, се грижевме да ги организираме домашните, полека ја прифативме неизвесноста, ја согледавме убавината во малите нешта и сфативме дека мора да успориме. Не беше лесно, но си дадовме време за нас и дозволивме помалку да се грижиме за секојдневието со цел ја одржиме нашата добросостојба.

На следната ваша прошетка, свесно погледнете и слушнете ги првите знаци на пролетта. Каде се птиците? Дали тоа зујат пчелите? Кој веќе ги откри јагкликите и кокичињата? Кој би знаел дека велигденското зајаче е скриено покрај патот!

Доброто расположение најверојатно е како љубовта, расте ако го споделуваш. Ова е тоа што го посакуваме со оваа велигденска картичка и пролетни честитки! Слободно испратете ги на оние кои сакате да ги видите насмеани!

Easter card & spring greetings


Happy Easter! Честит Великден! Frohe Ostern! Счастливой Пасхи! Честит Велигден! Srećan Uskrs! Sretan Uskrs! Vesele velikonočne praznike!