273 тимови, 250м пливање, 18км возење велозипед, 5.1км трчање и 10 часа тимски дух. Седмиот по ред А1 Триатлон се одржа во Ст. Полтен, Долна Австрија. Мотивирани атлетичари, фанови и неверојатна организација беа причина за незаборавен настан – како за австрискиот така и за гостинските тимови од А1 Групацијата.

14 септември 2018: Временската прогноза не е најсјајна. Сонцето од изминатите месеци се криеше зад темни облаци. Но, нашите колеги од А1 работеа амбициозно – конструираа траки за трчање, поставуваа техничка опрема, ги одржуваа финалните организациски состаноци и креираа единствен стил со сјајното црвено А1 лого. Дури и најавениот дожд е заслепен и не остава на мир барем на кратко. Тогаш се појавуваат и првите автобуси и настанот започнува: нашиот искусен тим ги дели стартните броеви, маички и чипови. За време на заедничкиот доручек, поискусните учесници го споделуваат нивното досегашно искуство за патеката и тренинзите. Смеење и весела атмосфера и внатре и надвор од големиот шатор. Не може да се промаши: тимскиот дух на А1 е насекаде.

Ние сме А1

Како и претходните години, А1 Австрија ги пречекува тимовите од сите земји од А1 Групацијата – ги споделуваме нивните импресии од А1 Триатлонот:

Веднаш по брифинг за трката ред е на пливачите да започнат да се натпреваруваат: 250м не изгледаат многу, но конечно сите пливачи доаѓаат до копното. На ред се велосипедистите. Три рунди напорна тура беше предизвик за нив и нивните велосипеди. Конечно, трчачите се на ред и го завршуваат турнирот поздравени со громогласен аплауз од фановите на целта. А се сеќавате на дождот? За среќа, само некои учесници се намокрија, а кога започна силен дож, тимот на А1 веќе беше во шаторот и ја следеше победничката церемонија со фокус на бината, победничките тимови и се разбира храната. Честитки до сите кои учествуваа!

А сега за сега: навалете се во вашето столче и бидете дел од А1 Триатлон следниот пат!