Додека го пиете првото утринско кафе, на пат кон работа, додека го чекате следниот автобус или токму пред спиење: секогаш има некоја мелодија што ни се врти низ главата. Во поголемиот дел од времето тоа е само музика која е во позадина, но негогаш не можеме да престанеме да ги слушаме мелодиите повторно и повторно. Благодарение на A1 Xplore Music апликацијата, сега можеме да ги имаме мелодиите со нас во нашите мобилни телефони, постојано.

Дел од нашата групациска стратегија е да се етаблираме како медиска компанија. А1 Бугарија ги направи првите чекори во таа насока лансирајќи свој сопствен спортски канал. Во мај 2018 година, вработените во А1 Австрија имаа можност да ја тестираат новата A1 Xplore Music апликација, да соберат повратни информации и да ги искористат на паметен начин. Собраните информации помогнаа да се подобри делот за барање но и други функции, како раководење со содржината. Заедно како компанија, ја подготвивме A1 Xplore Music за комерцијално лансирање.

Австрија е пионер во А1 Групацијата, и не постои друга телекомуникациска компанија со нејзин сопствен музички производ и нејзин сопствен оддел за едитирање. Следејќи го правилото One2Many, A1 Xplore Music ќе биде достапен во целата А1 Групација.

Се за музика – во секое време, секаде

»Големи пофалби за содржината.«

Повратна информација од тестниот период за вработените

Многумина од нас, како и нашите корисници, веќе користат некаква услуга од овој тип. Затоа, A1 Xplore Music Австрија не е само дизајнирана за оние кои ја немаат сеуште најдено вистинската услуга, туку за оние кои бараат стриминг услуга со додадена вредност. Резултат на сето тоа се нови можности за да дојдеме во контакт со нашите корисници, да ја подобриме поврзаноста и да ја подобриме. Фокусот е ставен на домашната музика – доколу не сте слушнале сеуште: Австрија е радио земја! :)

Кој ја смисли апликацијата?

»Возбуден сум – добро сторено дечки!«

Повратна информација од тестниот период за вработените

Тоа што се практикуваше успешно во Америка Мовил веќе неколку години, во Австрија е сеуште на почеток. Но, како што и треба да биде во сите големи, поврзани компанија, така е и кај нас – ние постојано учиме едни од други, особено од оние кои имаат долгогодишно искуство на пазарот: Мексико е една од најголемите стриминг земји.

Во Австрија, продукт менаџерот Дорис Ферегер го водеше проектот А1 Xplore Music заедно со неговите колеги. Се сретнавме со него и направивме едно кратко интервју:

Како се чувствувавте додека работевте на проектот?

»Дали во краткиот преглед на албумот е исто така можно да се прикаже годината?«

Повратна информација од тестниот период за вработените

Беше многу интензивно. Мораше да надминеме неколку препреки – почнувајќи од нов дизајн, до име на производот и се разбира цела листа на недостатоци и подобрувања што мораа да бидат решени. Во меѓувреме, бета тестовите што беа направени ни помогнаа да добиеме поглед од надвор – како некој што не е директно вклучен во проектот, и да ги поставиме вистинските приоритети.


»Потребно е да имате пасија за ова, да бидете издржливи и повеќе од се, да имате желба да постигнете квалитет.«


Каква беше соработката со Америка Мовил (AMCO)?

AMCO беа многу мотивирачки. Еден предизвик се разбира беше временската разлика и работењето од различни земји. Во Австрија работевме многу блиску со А1 Групацијата, што беше наша врска со Латинска Америка. Се разбира, од време на време имавме различни мислења, што е исто така многу важно за да се постигне најдобриот можен резултат. И на крајот, научивме многу: не само од нашите партнери, туку и едни од други.

Која песна ве мотивира?

Тешко е да се каже со една песна. Ме мотивира новата генерација австријци: Bilderbuch, Mavie Phoenix, Garish, Voodoo Jurgens, но и постарите како Attwenger, Ambros, Qualtinger или музичари како Kruder & Dorfmeister (електронска музика). Овие музичари докажаа дека една мала земја може да креира големи нешта.

Која беше првата песна која ја побаравте на A1 Xplore апликацијата?

Песна од Falco, се разбира. После се, музичка услуга без австриската поп-икона не може да се замисли. Falco беше дури вклучен во Латинско-американската тест верзија! Тоа покажува колку многу врева една мала земја како Австрија може да направи.

Која песна ги опишува вашите емоции за претстојното лансирање?

Get the party started – по долг и интензивен проект, со нетрпение чекам да биде лансирањето. И се разбира со нетрпение го чекам мислењето на пазарот и корисниците!